Курц објави како ќе се вика неговиот син
Објавено во: Свет 28 Ноември, 2021
Претседателот на австриската народна партија, Себастијан Курц на Инстаграм ја објави првата фотографија со неговиот син, кој се роди во саботата наутро.
Денеска Курц објави дека неговото име ќе биде Константин.
Инаку оригиналната форма на името Константин е Constantinus и ова име има латинско потекло. Значење на името е константен, постојан, цврст.