Кумановски тутунски бос, Мексиканец со македонско потекло ... на „црната листа“ должници на УЈП
Објавено во: Економија 12 Декември, 2019
Безмалку десет милијарди е сумата која ја должат јавни претпријатија на Управата за јавни приходи.
Ова станува јасно од последната листа на должници објавена од УЈП.
Имено, она што е позитивно на оваа листа е што бројто на должници - правни и физички лица од претходна листа е во пад.
Неминовни на црната листа на УЈП се и општини, јавни претпријатија, бизнисмени, знајни и помалку знајни фирми.
Закотвен на првото место на последната листа на УЈП е ТЕ-ТО АД Скопје а веднаш зад него на втора позиција е поранешната компанија за производство на автобуси на Мексиканецот со македонско потекло Ангел Кастиљо.
ЈП за одржување и заштита на магистрални и локални патишта, е сеуште прв на листата од сите државни должници и моментно неговиот долг е над четири милиони евра.
Македонската радиодифузија, општината Карпош, ЈСП „Скопје“, Водостопанство на Македонија, Агенцијата за цивилно воздухопловство се исто така на листата неплаќачи на данок на државата.
Должник и понатаму е и кумановскиот тутунски бос Бајруш Сејдији.