Крсте Шајноски е нов претседател на Агенцијата за супервизија на осигурувањето
Објавено во: Економија 12 Декември, 2019
Собранието на денешната 123 седница со 54 гласа „за“ и 22 „против“ го изгласа Крсте Шајноски за нов претседател на Советот за експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Шајноски е доктор и магистер по економски науки и дипломиран економист во областа Финансии и банкарство, а поседува и лиценци за брокер и инвестиционен советник.
Тој е вонреден професор на постдипломските студии на Институтот за бизнис и економија и консултант на Илирика фунд менаџмент АД Скопје.
Претходно бил консултант на осигурителните друштва Кроација, но и доцент на Економскиот факултет во Штип. Тој бил ангажиран и во Македонскиот институт за медиуми и во Високата школа за медиуми како предавач и професор. Работел и како инвестициски советник и како новинар во ТВ Телма.
Шајноски ќе го замени Климе Попоски на челната позиција во Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување во следните пет години.
Попоски беше два мандати на чело на Советот на експерти на Агенцијата од ноември 2009 година.