29 Мај, 2020
0.0385

КРИТИЧЕН ПЕРИОД ЗА ТУРИЗМОТ И УГОСТИТЕЛСТВОТО: Треба нов сет на мерки

Објавено во: Економија 22 Мај, 2020

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива ги претстави клучните наоди од Студијата за ефектите врз приватниот сектор - туризам и угостителство погоден од здравствено-економската криза предизвикана од COVID-19 пандемијата со препораки за справување со економските последици.

За постигнување на целта на студијата, направена беше анализа на секторот туризам и угостителство, спроведена е анкета со компании и интервјуа со претставници на секторот, користени се статистички податоци и беа спроведени истражувања за меѓународните искуства поврзани со справување со оваа криза како и мерките кои се преземени во земјата, а се однесуваат на секторот. Во студијата, на основа на спроведените истражувања  дадени се препораки – краткорочни и долгорочни мерки за справување со кризата од COVID-19.

„Во услови кога ситуацијата за туризмот е многу болна и сложена, тешко е да замислиме дека една мерка може да ги компензира последиците од пандемијата COVID-19, пред се заради обемот на проблеми кои произлегоа и веќе се зголемуваат и навлегуваме во еден критичен период за кој ќе биде неопходен нов сет од економски мерки. За да се обезбеди економски опстанок и враќање во нормалана на компаниите од туристичко-угостителскиот сектор, но и да се одржи  рамнотежа помеѓу побарувачката и понудата на пазарот на трудот потребно е прилагодување на пакетот мерки, но и условите за нивно користење, особено во делот на времетраењето на помошта, висината на кредитите кои треба да постигнат ликвидност кај компаниите, ослободувањето од давачки како придонеси и други оптоварувања кои нема како да бидат покриени без економска активност, како и сите други давачки на кои државата не може да смета доколку компаниите немаат економска активност“ истакна експертот Кристијан Џамбазовски, коавтор на студијата.

Кај 42 претпријатија од вкупно 64 кои беа анкетирани или 67% од испитаните, бројот на вработени се намалил помеѓу 81-100% како резултат на кризата. Кај само 22 претпријатија или 34% од испитаните, кризата од COVID-19 се уште не се одразила на бројот на вработени.

Врз основа на резултатите од истражувањето се предлага реформа во организацијата на туризмот која ќе содржи корекција на законот за туристичка дејност, интегриран како неразделен дел од нов закон за поттикнување на развојот на туризмот по моделот на повеќе земји членки на Европската Унија. Новото законско решение треба да вклучува и механизам кој автоматски би се активирал во случај на кризни ситуации.

Заклучоците и препораките од студијата преку Платформата за јавно-приватен дијалог ќе бидат доставени до надлежните органи со цел заеднички да се креираат краткорочни и долгорочни мерки кои ќе ги ублажат последиците во секторот туризам и угостителство врз база на актуелната состојба со која се соочуваат компаниите и нивните потреби.

Истражувањето кое траеше од 13 до 26 април го спроведоа Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ и Сојуз на стопански комори на Македонија и консултантската куќа ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал од Скопје имплементатор на проектот.

Како дел од оваа активност спроведени се и истражувања за секторите автомобилска и метална индустрија, текстил и кожарска индустрија, земјоделство и прехранбена индустрија, градежништво и ИКТ, како и анализа на работните односи и даночните политики во време на криза од кои ќе произлезат исто така заклучоци и препораки за справување со кризата од COVID-19 кризата, а ќе се достават преку Платформата за јавно-приватен дијалог.



Можеби ќе ве интересира

РАСТ: Дури една третина од граѓаните кои имаат интернет купуваат он-лајн

РАСТ: Дури една третина од граѓаните кои имаат интернет купуваат он-лајн

Ангеловска на Woman in Tech: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата

Ангеловска на Woman in Tech: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата

ИНТЕРВЈУ СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ: Сега на луѓето им треба оптимизам, за економијата е нужна многу поголема поддршка

ИНТЕРВЈУ СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ: Сега на луѓето им треба оптимизам, за економијата е нужна многу поголема поддршка

За дрвокрадците 230 милиони денари казна што нема „никогаш“ да ја платат

За дрвокрадците 230 милиони денари казна што нема „никогаш“ да ја платат

Која фирма е неприкосновена за аларми и сигурносни системи?

Која фирма е неприкосновена за аларми и сигурносни системи?

Mavrovo2 Residence, нова хит дестинација за вљубенците во планината

Mavrovo2 Residence, нова хит дестинација за вљубенците во планината

ПАНДЕМИЈАТА СКАПО ЌЕ ЈА ЧИНИ ИТАЛИЈА: Расте невработеноста во земјата

ПАНДЕМИЈАТА СКАПО ЌЕ ЈА ЧИНИ ИТАЛИЈА: Расте невработеноста во земјата

Влијанието на пандемијата бара инклузивни одговори за политиките

Влијанието на пандемијата бара инклузивни одговори за политиките

ДЕНЕСКА НОВА СОСТОЈБА: Поткопана е цената на „црното злато“

ДЕНЕСКА НОВА СОСТОЈБА: Поткопана е цената на „црното злато“