Кристина Камчева влегува во Надзорен одбор на Стопанска банка Битола
Објавено во: Финансии 17 Мај, 2021
Кристина Камчева Стојчевска, сестра на Јордан Камчев е номинирана за нов член на Надзорен одбор на Стопанска банка Битола.
Таа моментно е советник за бизнис развој и анализа во Орка холдинг функција која ја извршува од 2019 година. Таа е и член на Одборот на директори на компанијата.
Во професионалната биографија доминира искуството во фирмите кои се поврзани со бизнисменот Камчев, но не и во Стопанска банка Битола
Други членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола се Миле Зечевиќ кој е претседател, Александар Радевска, Стевчо Јолакоски, Гордана Темелковска Костовска, Иванчо Велјановски, Игор Камбовски.
Камчева треба да биде избрана за член на НО за седница на Акционерското собрание кое е закажано за 26 мај годинава.