Кристијан Дростен тврди дека пандемијата сега ќе почне, а Германија не е подготвена
Објавено во: Свет, Корона Вирус 25 Септември, 2020
Пандемијата дури сега ќе почне, мислам дека не сме подготвени за тоа, вели Кристијан Дростен, водечкиот германски епидемиолог.
Toj рече дека многу рано се слави за успех над коронавирусот. Додаде дека идните месеци ќе треба да променат многу работи. Сепак, Дростен е убеден дека Германија не е подготвена.
Градот Минхен ги заостри мерките против коронавирусот. Тие ќе траат 7 дена, а и надвор мора да се носат заштитни маски.
Во угостителските објекти и јавниот простор е дозволен собир на само пет луѓе или членови на две домаќинства.
Приватните прослави во затворено смеат да имаат до 25 гости, а на отворено до 50.
Во светот 32.5 милиони луѓе се заразени со коронавирусот.
Во Германија 9.552 луѓе починаа од коронавирусот.
Заразени се повеќе од 280.000 луѓе.
Во соседната Австрија почнаа строги мерки.