КРЕДИТ ОД УНГАРИЈА: До кога ќе го отплаќаме?
Објавено во: Економија 10 Септември, 2024
Законот со кој Македонија ќе се задолжи од Унгарија 500 милиони евра влезе во Собрание по скратена постапка.
Утре се очекува да се гласа потребата од донесување на законот, по што ќе следат матичните комисии за финасирање и буџет и законодавно правната комисија.
Македонија ќе се задолжи од унгарската експорт Импорт банка, а според текстот на законот ќе треба да плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од Унгарската банка. Провизијата ќе се плати пред повлекување на првите пари од Ексим банката.
Парите од кредитната линија се обезбедуваат со камата од 3,25 отсто, 15 години отплата и 3 години грејс-период. Владата најави дека 250 милиони евра ќе бидат наменети за финансиска поддршка на домашните компании, а 250 милиони за инфраструктурни проекти за општините.
foto freepik.com