КРАЖБА НА ВЕКОТ ВО ЈАПОНИЈА: Како Израелци украдоа златни плочки вредни 17 милиони долари
Објавено во: Свет 23 Јануари, 2019
Двајца израелски државјани, Реувен Росен (58) и Давид Коен (55) се уапсени во Јапонија поради сомневање дека учествувале во најголемото криумчарење на златни плочки во историјата на таа земја.
Јапонските власти заплениле две серии златни плочки од вкупна тежина на 420 килограми во вредност од 17,3 милиони долари.
Криумчарите се обиделе да ги превезат плочките од Хонг Конг во Јапонија под маска на авто-делови.
Јапонската полиција се сомнева дека Израелците прокриумчареле злато во Јапонија околу 50 пати и на тој начин успеале да превезат во земјата околу четири тона златни плочки.