25 Април, 2024
0.0370

Красимир Каракачанов со остар став против Зоран Заев

Објавено во: Балкан 08 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

„Компромиси со историјата на Бугарија нема да дозволам“. Ова го изјави вицепремиерот за безбедност и министер за одбрана во Бугарија Красимир Каракачанов во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев пред Парламентот на Македонија, во која тој дава сугестија дека договорот со Грција, познат како Преспански договор ја дава идентификација за постоење на македонски јазик и никој нема право да му противречи на тоа. 

„Како лидер на ВМРО и вицепремиер за националната безбедност, категорично се спротивставувам на тоа тврдење. Северна Македонија е географска ознака, што вклучува и сегашна територија од Република Бугарија. Г-дин Заев утре може да посака целосно идентичен бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик кај нас. Тоа е недозволиво. Тоа е провокација“, вели Каракачанов, пренесуваат бугарските медиуми.

„Паралелно со оваа манипулација категорично сакам да истакнам дека и работата на бугарско-македонската комисија за историски прашања оди во насока која дефинитивно не е во корист на историската вистина. Целосно правилно и во интерес на Бугарија и вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева истакна дека не гледа напредок во нејзината работа. Тезите на луѓе како Литвански и Каров наметнати од страна на Македонија, се во спротивност на реалноста. Уште угнетувачки е фактот дека една и пол година по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија на нас ни е доставен „список на учебници од македонска страна во кои според тврдењата има националистички, реваншистички, авторитарни тврдења кои ја претставуваат Македонија како новоослободена бугарска земја и се против интересите на македонското општество”, пишува уште во ставот Каракачанов. 

„Јас категорично нема да допуштам слично агресивно и дрско однесување од страна на претставниците на Македонија и се повеќе се убедувам дека во овој вид, особено и со наметнатите од спротивната страна груби манипулации, споменатата Комисија нема да ги заштити бугарските интереси.

Затоа сакам повторно да нагласам дека македонските земји се бугарски и тоа е историски факт. Од ослободувањето до 1944 година за нив се водат незапирливите битки на сите фронтови - дипломатски и воени, токму поради тоа што се докажани бугарски територии. Конспирациите на Коминтерната ги разделија од нашето земјиштето, оставајќи еден народ на територијата на две држави. Внимателно читање на балканската историја укажува на тоа. Токму тоа ме тера и мене, како историчар и претседател на ВМРО - БНД, да мислам дека оваа работа на Комисијата и претензиите на нејзините членови од македонска страна сакаат да се валидизира лажна историска верзија. Ова е неприфатливо“, пишува уште Каракачанов .


Фото: БГНЕС

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци