05 Август, 2021
0.0226

КОВИД КРИЗА: Поскапувања и измами, на што се жалеле потрошувачите?

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Септември, 2020

Откако почна Ковид кризата во земјава имало бројни поплаки од граѓаните во Организацијата за заштита на потрошувачи.

Дел од нив се однесувале за поскапувања на одредени производи, а другите се за измами и нејасностии во однос на користење на услуги. Граѓаните се жалеле за поскапување на храна, маски и ракавици.

„Во периодот од почетокот на Ковид-19 кризата, зголемен број на поплаки од страна на потрошувачите се бележи кај откажувањето на туристичките аранжмани односно давањето на ваучери од страна на операторите кои според Уредбата на Владата на Р.С. Македонија предизвикаа недоразбирања кога и под кои услови може да се искористат истите. Бројот на поплаки во тој период (01-06.2020) беа накаде околу 130 или 20% од вкупниот број на поплаки. Во истиот период беа зголемени и поплаките на онлајн продажбата, односно пристигнаа околу 100 поплаки или 10% од вкупниот број на поднесени поплаки каде што потрошувачите се жалеа на измамата од страна на Фејзбук трговците кои на потрошувачите им продаваа производи без фискална сметка односно без можност за замена на неисправен производ или производ со несоодветна големина. Во делот на зголемени цени на заштитна опрема (маски и ракавици) и зеленчук (ѓумбир, лимони) имаше само во месец март и тие беа во незначителен број“, соопштуваат од Организацијата за заштита на потрошувачи.

Но, имало и поплаки кои не се поврзани со пандемијата и новонастаната ситуација.

„Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија од почетокот на пандемијата  работеше вообичаено, само што беа изолирани личните контакти со потрошувачите и во споменатиот период има примено вкупно 1.143 поплаки на ниво на целата држава, од кои само 30-33% беа во врска со пандемијата Ковид – 19“, додаваат оттаму.

Од март месец Македонија се бори со пандемијата на коронавирусот, и таа уште не стивнува.

Допрва се очекува лошо сценарио оваа есен кога ќе се појави и сезонскиот грип.

Досега над 700 луѓе во Македонија починаа од коронавирусот. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СТОЈАНКА БЕШЕ ВО СОБАТА, НЕ МОЖЕВ ДА И ПОМОГНАМ - тажната приказна за првата жртва од пожарот во Старо Нагоричане

СТОЈАНКА БЕШЕ ВО СОБАТА, НЕ МОЖЕВ ДА И ПОМОГНАМ - тажната приказна за првата жртва од пожарот во Старо Нагоричане

ПОРТОКАЛОВА ФАЗА НА ЦЕЛА ТЕРИТОРИЈА: Почитувајте ги препораките

ПОРТОКАЛОВА ФАЗА НА ЦЕЛА ТЕРИТОРИЈА: Почитувајте ги препораките

Пет хеликоптери полетуваат кон Пехчево, Ангелов во еден од нив ќе го пренесува гаснењето на пожарот ако има услови

Пет хеликоптери полетуваат кон Пехчево, Ангелов во еден од нив ќе го пренесува гаснењето на пожарот ако има услови

Донесена е одлука за кризна состојба

Донесена е одлука за кризна состојба

Големиот пожар во Старо Нагоричане ја зеде првата жртва?

Големиот пожар во Старо Нагоричане ја зеде првата жртва?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Борбата со пожарите продолжува, помагаат Србите, а пристигнуваат и Бугарите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Борбата со пожарите продолжува, помагаат Србите, а пристигнуваат и Бугарите

Пожарникарите ќе бидат наградени со 10.000 денари

Пожарникарите ќе бидат наградени со 10.000 денари

Гужва има на два гранични премини

Гужва има на два гранични премини

Се снимал како пука со пиштол, а видеото го објавил на социјалните мрежи

Се снимал како пука со пиштол, а видеото го објавил на социјалните мрежи