18 Април, 2024
0.0288

ПРВИОТ ЧОВЕК НА ЕСМ, КОВАЧЕВСКИ ЗА ФАКТОР: Очекувам да нема зголемување на цената на струјата по први јули

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Сите погледи деновиве се вперени кон енергетските компании, односно кон тоа колкава цена на струјата ќе плаќаме од почетокот на наредниот месец.

Граѓаните стравуваат да не дојде до поскапување на електричната енергија, а во прилог на тоа одеа и најавите од опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, кој рече дека според неговите пресметки, струјата би требало да има зголемување на цената меѓу 15 и 18 отсто. Тој даде и серија аргументи како дошол до овој процент.

Како што е познато, согласно законските прописи, ЕВН Хоме, како универзален снабдувач, два пати во годината прави набавка на електрична енергија, и тоа едната е за периодот од први јануари до 30 јуни, а другата за периодот од први јули до 31 декември.

Така што, за второто полугодие од годинава тендерот ЕВН Хоме ќе го распише на средината на овој месец, односно околу 15 јуни. Според законот, државните електрани како главен производител на струја, на тој тендер треба да се појават со минимум 70 отсто од потребните колични на ЕВН Хоме, по цена која ќе ја определи Владата на затворена седница. Пред објавување на тендерот, државните електрани, ЕСМ, треба да дадат предлог цена на струјата, со неколку варијанти, односно пресметки, врз основа на што Владата, како единствен сопственик на ЕСМ, треба да донесе одлука.

Односно, ќе треба да се одлучи дали ЕСМ ќе учсетвува со оној минимум од 70 отсто од потребите за струја, или, пак, ќе се јави на тендерот со поголема количина, до 100 проценти. И втората работа е по која цена ЕСМ ќе ја понуди струјата на универзалниот снабдувач.

Според информациите, во овој период се прават сите потребни пресметки, кои треба да завршат најдоцна до понеделник наредната недела, врз основа на што Владата ќе донесе одлука во вторник.

Фактор разговараше со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, за тоа какви се неговите пресметки и очекувања во пресрет на одлуката за цената на струјата, која ќе ја плаќаме во наредната половина година. Ковачевски за Фактор вели дека лично не очекува да има зголемување на цената на електричната енергија по први јули оваа година.

„Правиме напори во компанијата да го прилагодиме производството на електрична енергија со цел тоа да може да ги покрие до 100 отсто барањата на ЕВН Хоме, а цената ќе ја определи Владата. Нашите очекувања се дека ќе нема зголемување на цената, но на крајот одлуката ќе ја донесе Владата“, вели Ковачевски.

Тој објаснува дека ЕСМ ќе направи напор да обезбеди 100 отсто од потребната количина на струја, бидејќи, како што вели, ако државните електрани покријат само 70 отсто, разликата од 30 проценти количина на енергијата, ЕВН Хоме ќе треба да ја купува на слободниот пазар.

„Токму на слободниот пазар цените на електричната енергија во второто полугодие од годинава се значително повисоки од очекуваните, односно од претпоставуваните цени на Берзата. Или, во овој момент цената на струјата на слободниот пазар е 72 евра за мегаватчас електрична енергија, а цената по која ние досега му продававме струја на ЕВН Хоме е 38,8 евра за мегаватчас. Ние се бориме како да најдеме начин како да произведеме до потребното количество од 100 отсто и да ја задржиме оваа цена, односно без притоа да има зголемување на нашата цена“, објаснува Ковачевски.

Првиот човек на ЕСМ вели дека компанијата својот план за производство ќе го прилагоди врз основа на месечните потреби, а ќе се трудат да произведат доволно количини струја и преку термоерлектраните Битола и Осломеј, но и со вклучување на сите хидроелектрани со кои располага компанијата.

Според Ковачевски, во ситуација кога населението на земјава се соочува со голема здравствена и економска криза, АД ЕСМ и Владата треба да најдат начин, односно да ги искористат сите механизми ЕСМ да понуди ниска цена на електричната енергија, а доколку и тоа не е доволно, тогаш би требало Владата да преземе чекори, односно да го намали ДДВ-то од 18 на 5 проценти.

Сепак, како што нагласува генералниот директор на ЕСМ, ова одржување на ниска цена на електричната енергија, не е трајно решение.

„Во моменти кога земјата се соочува со здравствено-економска криза - да, но за понатаму ќе треба да се изнајде начин за поевтино производство на електричната енергија, но и за постепено прилагодување на цената. Односно, ова значи дека цената на струјата ќе мора во следните години постепено да се зголемува, чекор по чекор по чекор, со цел да се достигне реалната цена за граѓаните во однос на цената на чинење на производство. Бидејќи, следните неколку години ќе треба да ја прилагодуваме цената, со цел кога во 2025 година целосно ќе престане регулацијата, односно пазарот 100 отсто ќе се либерализира, тогаш да не се почуствува сериозен ценовен шок кај граѓаните“, објаснува Ковачевски.

Како што е познато, догодина ЕСМ ќе има обврска да испорача само 60 отсто на универзалниот снабдувач, потоа 50 проценти, односно за по 10 отсто секоја година ќе се намалува процентот, а веќе, како што е познато, во 2025 година завршува договорот на универзалниот снабдувач и пазарот на електрична енертија целосно се отвора, односно се либерализира.

„Ќе мора од следната година да се почне со постепено прилагодување на цената на електричната енергија“, објаснува Ковачевски.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор