18 Април, 2024
0.0297

Ковачевски: Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на светите браќа

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски упати телеграма со честитки по повод патрониот празник до ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Во телеграмата со честитки по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, на ректорот и на деканите, продеканите, професорите, сенаторите и на сите студенти им го честита патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој е нераскинлив дел од историјата на Северна Македонија како прв државен универзитет во нашата земја.

Во продолжение на соопштението, ви ја пренесуваме содржината од телеграмата со честитки до УКИМ во целост:

„Почитуван ректор на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски,

Дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Северна Македонија вам како ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите и на сите студенти да ви го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј и патрониот празник на УКИМ.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е нераскинлив дел од историјата на Северна Македонија како прв државен универзитет во нашата земја.

УКИМ ја исполнува својата мисија на еден од столбовите на нашата државност и како достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на Светите браќа Кирил и Методиј.

За одбележување е посветеноста на УКИМ во негувањето и чувањето, но и на меѓународната афирмација на вредности на македонскиот народ и македонскиот јазик, на нашата историја, литература и култура, како и на културните вредности на сите други етнички заедници во Северна Македонија.

УКИМ е автономен вруток на знаењето, науката и образованието, обезбедува наставна, научна и апликативна дејност во природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки и во уметностите.

Ве уверувам дека јас како Премиер, и оваа Влада, остануваме посветени на активната поддршка на развојот на универзитетската и на образовната дејност.

Со Колективниот договор за високо образование и наука минатата година го уредивме системот на плати во високото образование и ги оттргнавме неизвесностите на кои со години беа изложени научниот, наставниот и ненаставниот кадар во високото образование.

Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј!

Нека е честит патрониот празник на УКИМ!“.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари