Косовските власти соопштија колку пробни тест таблички издале за 24 часа
Објавено во: Балкан 22 Септември, 2021
Косово издаде околу 1.500 тест таблички за 24 часа.
Toчната бројка е 1.455 пробни регистерски таблички, објави синоќа косовското Министерство за внатрешни работи . Оваа бројка е постигната за само еден ден по воведувањето на новата мерка за реципроцитет, со која се обврзуваат српските сопственици на регистарски таблички да ги заменат со привремени.
Косовското министерство за внатрешни работи соопшти дека полицијата, врз основа на своите должности и овластувања, продолжува да презема полициски акции на целата територија на Косово, вклучувајќи ги и сите премини со цел да се спроведе договорот за слободно движење. Србите на Косово се незадоволни од новата мерка.