03 Април, 2020
0.0382

КОСОВСКИ МИНИСТЕР ТВРДИ: Тринаесет земји го повлекоа признавањето, уште десет може тоа да го сторат

Објавено во: Балкан 07 Септември, 2019

Tринаесет држави го повлекле признавањето на Косово, а уште десет може да го сторат истото. 

„Постојат веродостојни информации дека е можно уште десет држави да го повлечат признавањето на Косово“, рече косовскиот вицепремиер во оставка, Енвер Хоџај, пренесува „Бета“.

Тој во емисија на КТВ изјавил дека од една соседна држава добиле информации дека Србија подготвува кампања за повлекување на признавањето.

„Тринаесет држави го повлекоа признавањето. Прво мора да го разбереме карактерот на нашата државност. Ако бевме членка на ООН, признавањето би било универзално. Во ситуација кога една земја го признава Косово, треба да се воспостават дипломатски односи. Некои од нив се навистина ранливи“, рекол Хоџај, додавајќи дека дијалогот со Србија имал за цел, меѓу другото, да доведе до тоа нови држави да го признаат Косово.

Хоџај рекол дека на Косово му е потребна надворешна политика што има оперативен план и стратешки пристап и истакнал дека повлекувањата на признавањата на Косово би можеле да се избегнат.

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ минатиот месец соопшти дека 15 земји го повлекле признавањето на Косово. 

Можеби ќе ве интересира

ПОВТОРНО ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе Загреб

ПОВТОРНО ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе Загреб

ГРЧКИ ЕПИДЕМИОЛОГ: Новиот вирус го „убива“ и мозокот

ГРЧКИ ЕПИДЕМИОЛОГ: Новиот вирус го „убива“ и мозокот

ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО СЛЕДИ СРПСКИОТ ПРИМЕР: Нема движење од сабота од 13 до понеделник до 5 часот

ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО СЛЕДИ СРПСКИОТ ПРИМЕР: Нема движење од сабота од 13 до понеделник до 5 часот

ЦЕЛ КАМП ОДИ ВО КАРАНТИН: Заразени мигранти во Грција

ЦЕЛ КАМП ОДИ ВО КАРАНТИН: Заразени мигранти во Грција

ВУЧИЌ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ДОБРО: Сепак се огласи за економските мерки

ВУЧИЌ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ДОБРО: Сепак се огласи за економските мерки

Пленковиќ; Поддршката за работниците се зголемува од 3.250 на 4.000 куни

Пленковиќ; Поддршката за работниците се зголемува од 3.250 на 4.000 куни

Бугарија ја повлече наредбата граѓаните да носат медицински маски

Бугарија ја повлече наредбата граѓаните да носат медицински маски

Нема ригорозни царини за Србија и БиХ, Косово ги укина

Нема ригорозни царини за Србија и БиХ, Косово ги укина

СТРОГИ МЕРКИ: Грците само еднаш дневно можат да излезат од дома

СТРОГИ МЕРКИ: Грците само еднаш дневно можат да излезат од дома