КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ НЕКОЛКУ ЛИЦА: Тврдат дека навредувале и нападнале полицајци
Објавено во: Балкан 10 Септември, 2024
Косовската полиција денеска уапси неколку лица на северот.
На четворица млади момчиња кои денеска беа приведени во Северна Митровица поради „напад на службено лице“ им е одредена мерка притвор.
Се додава дека младите полнолетни момчиња се приведени откако навредувале и нападнале двајца полицајци, од кои едниот бил повреден, а потоа се оддалечиле од местото на настанот. Косовските власти велат дека тие биле пијани.
Лидерот на Српската демократија Александар Арсенијевиќ денеска е уапсен во северниот дел на Косовска Митровица, јавува дописникот на Танјуг. Причината зошто е уапсен не е позната засега.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во следните 72 часа ќе се обрати на јавноста и јасно ќе ги каже барањата и мерките против нападите врз Србите на северот на Косово.
Printscreen/Instagram/Zubin Potok Info