КОСОВО: Специјалци изнесоа документи од трезорот на НБС во Лепосавиќ
Објавено во: Балкан 09 Септември, 2024
Косовските специјалци денеска изнесоа документи од трезорот на НБС во Лепосавиќ.
Околу објектот се забележани оклопни возила, а паркирани се и возила на полицијата, јави Косово онлајн.
Вработените од канцеларијата на здружението „Поддржи ме“ за деца со посебни потреби беа видно вознемирени и одбија да дадат изјави пред камерите. Специјалците им рекле да ја испразнат просторијата. Трезорот на НБС не функционира од мај, кога беа затворени сите објекти на Поштенска штедилница. Косово и Србија не можат да ги нормализираат односите и покрај повиците на западните земји.