КОРОНАВИРУСОТ СЕ ШИРИ ВО АФРИКА: Ќе се заразат околу 250 милиони луѓе
Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Мај, 2020
Коронавирусот брзо ќе се прошири и во Африка.
Се смета дека сепак ќе биде ниска стапката на пренос.
Пониските стапки на дебелина во африканските земји, во споредба со САД и на други места, помагаат да се забави напредокот на вирусот.
Светската здравствена организација (СЗО) за Африка има модел на понатамошното ширење на коронавирусот.
Според него, се предвидува дека во африканските земји во текот на следната година скоро 250 милиони луѓе би можеле да се разболат од Ковид-19.
Тие предвидуваат дека може да има помалку пациенти со тешка клиничка слика и помалку смртни случаи, што би резултирало со околу 190.000 починати, објави Гардијан.
Стапката на смртност во Африка, би била околу 0,06 проценти, а во Европа и САД би изнесувала 0,1 процент.
На 1 мај медиумите објавија дека само во Лесото нема заразени со Ковид 19.