24 Април, 2024
0.0282

Коронавирусот ќе ја „убие“ автомобилската индустрија

Објавено во: Економија 26 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Актуелната криза со коронавирусот најмногу нескани последици ќе остави на автомобилската индустрија. Таа, во автомобилската индустрија ќе трае многу подолго од економската криза во другите сектори, вели за Фактор, Виктор Мизо, Генерален директор на „Костал“ Македонија.

Овој сектор, како што појаснува Мизо, трпи последици од ширењето на коронавирусот, многу порано од сите други индустрии, пред се поради тоа што Кина, која беше првото жариште на пандемијата почна да ги затвора фабриките. Во тој момент се прекинал или се отежнал и синџирот за снабдување на македонските автомобилски компании, особено на оние кои произведуваат електронски делови за автомобили. Сепак, последиците по оваа индустрија, и на македонско и на светско ниво, засега не можат да се предвидат или да се пресметаат точно. Мизо, како врвен познавач на тековите во оваа област не сака да дава песимистички прогнози. Тој смета дека Македонија има начин да извлече корист од оваа криза. „За нас е важно како државата ќе одговори на барањата за помош од страна на бизнис секторот. Ова ќе биде важно и за мајките-фирми кои ќе споредуваат каква поддршка добиваат сестринските компании на други европски локации. Со тоа се отвора простор како држава да се позиционираме конкурентно, бидејќи во иднина многу локациски одлуки ќе бидат драстично афектирани од оваа криза. Тука и ние имаме потенцијална шанса и нормално резултатите и успехот ќе зависат и од мерките за поддршка од страна на државата, вели Мизо за Фактор.



Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата