КОРОНАТА ЗА НИВ МОЖЕ ДА БИДЕ ФАТАЛНА: СЗО им порача на пушачите да се откажат од цигарите
Објавено во: Свет, Корона Вирус 02 Јули, 2020
Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите.
Пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај заболените.
Светската здравствена организација (СЗО) излезе со ваква препорака.
До 18 проценти од хоспитализираните пациенти со коронавирус се пушачи.
СЗО им советува на пушачите да се откажат од пушењето.
Организацијата објави дека 60 отсто од 10 милиони пациенти ширум светот се регистрирани во јуни, што покажува дека епидемијата се влошува, а не ослабува.