КОРОНАТА СЕ ВРАТИ ВО ДЕБАР: Заразен член на кризен штаб, лекар и медицинска сестра
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Јуни, 2020
Член на кризниот штаб во Дебар е позитивен на коронавирусот.
Заразен со Ковид -19 е и лекар инфектолог и медицинска сестра од овој град, дознава Фактор.
Во Дебар, короната повторно се врати, а деновиве повторно има регистрирани заразени.
Дебар и Центар Жупа беа прво жариште на вирусот, и месец дена беа во карантин.