Короната е како дожд, на крајот сите ќе бидат мокри, тврди заразениот Болсонаро
Објавено во: Свет, Корона Вирус 08 Јули, 2020
Се зарази со коронавирус, и тврди дека тој е како дожд.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој е заразен со Ковид-19, ја спореди болеста со дожд, наведувајќи дека на крајот сите ќе бидат мокри.
Болсонаро, кој од почетокот на пандемијата коронавирусот го нарекуваше „малечок грип“, изјави дека не е изненаден што се заразил.
Вели дека неговите симптоми се благи и дека се чувствува добро, пренесе „Би-Би-Си“.
Болсонаро вели дека е уверен дека брзо ќе закрепне од Кови-19 благодарение на лекувањето со хидроксихлорохин, антималарик за кој не е потврдено дека ефикасно ја лекува заразата.
Во понеделникот почувствувал болка во мускулите, грозница и малаксаност, рекол дека веќе во вторник му било подобро заради хидроксихлорохинот.
Бразил е една од најпогодените земји од вирусот.
Над 1.6 милиони позитивни има во Бразил, а повбеќе од 66.000 починаа.