03 Април, 2020
0.0376

КОРОНА ВИРУСОТ СЕ ШИРИ ВО ГЕРМАНИЈА: Потврден 17-от случај

Објавено во: Свет 26 Февруари, 2020

 Во Германија е потврден 17-от случај на новиот коронавирус, а станува збор за човек од покраината Баден-Виртемберг кој бил позитивен по престој во Милано, соопшти германското Министерство за здравство.

Во соопштението објавено синоќа се вели дека 25-годишниот маж, кој најверојатно бил заразен за време на посетата на Италија, контактирал со властите, откако му се појавиле симптоми слични на грип.

– Тој беше позитивен за вирусот Ковид-19 и ќе биде во изолација во болница, се вели во соопштението.

Во Германија досега нема смртен случај од болеста.

Во епидемијата на Ковид-19 досега починале повеќе од 2.600 луѓе, најмногу во Кина, од каде што се рашири во 29 други земји.

Бројот на потврдени случаи надмина 80.000 заразени.

Најлошата состојба во Европа е во Италија, каде има 10 жртви и повеќе од 320 заразени


Можеби ќе ве интересира

Се скрива ли тајната на лекот против коронавирус во антителата на поранешните пациенти?

Се скрива ли тајната на лекот против коронавирус во антителата на поранешните пациенти?

ЖАЛНИ ДЕЦА: Близнаци од Индија се викаат Ковид и Корона

ЖАЛНИ ДЕЦА: Близнаци од Индија се викаат Ковид и Корона

КАКО ЌЕ ПОМАГА ЕК: 100 милијарди евра за да не се отпуштат работниците

КАКО ЌЕ ПОМАГА ЕК: 100 милијарди евра за да не се отпуштат работниците

Администрацијата на Трамп ќе носи маски

Администрацијата на Трамп ќе носи маски

ПАНДЕМИЈАТА НЕМА ДА ЈА СПРЕЧИ: Германија ќе ги отвори вратите за земјоделските сезонски работници

ПАНДЕМИЈАТА НЕМА ДА ЈА СПРЕЧИ: Германија ќе ги отвори вратите за земјоделските сезонски работници

Германија-челична дисциплина: Немаат полициски час, а жива душа нема надвор

Германија-челична дисциплина: Немаат полициски час, а жива душа нема надвор

ПУТИН ОДЛУЧИ: Април ќе биде неработен месец во Русија

ПУТИН ОДЛУЧИ: Април ќе биде неработен месец во Русија

Тест за коронавирус кој може да даде резултати за 5 минути: Одобрен од ФДА-САД

Тест за коронавирус кој може да даде резултати за 5 минути: Одобрен од ФДА-САД

Близу 1 милион заразени со коронавирусот во светот, црн ден во Шпанија

Близу 1 милион заразени со коронавирусот во светот, црн ден во Шпанија