25 Април, 2024
0.0289

Koрона кризата го „билда“ бројот на невработени

Објавено во: Економија, Корона Вирус 23 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Ако се погледнат статистичките податоци објавени од Агенцијата за вработување, во април бројот на невработени е поголем од претходните месеци.

Пандемијата со Ковид - 19 доведе до тоа да имаме зголемен број на невработени во Македонија. Во април, без работа биле 114.762 луѓе, а во март таа бројка изнесувала 107.732, додека во февруари бројот на невработени бил 105.816.

Голем број работници ги изгубија работните места во периодот додека земјата е во вонредна состојба, на сила е полицискиот час, а во одредени сектори или воопшто не се работеше или работата беше сведена на минимум. Во големите градови како Скопје, Тетово и Куманово, вообичаено бројот на невработени е најголем.

Но, забележано е дека дел од компаниите кои претходно отпуштиле работници, сега повторно бараат кадри.

„Имаме активни огласи, се бараат работници, претежно заварувачи, водоинсталатери, работници за во производство и други занаетчиски профили. Фирмите бараат по 2-3 работници. Дали состојбата ќе се среди во наредните месеци, не можеме да предвидиме“, велат од агенција за посредување при вработување во внатрешноста.

Донка Спасовска, сопственичка на агенцијата за посредување при вработување „Хоризонт“, вели дека во мај и јуни најверојатно ќе имаме уште поголем број на невработени, затоа што приватниот сектор е на удар.

„Приватниот сектор кој пред кризата броеше околу 550.000 вработени, како доминантен е најпогоден и е оставен самиот да се бори затоа што мерките за помош не се компетитивни. Ако ова потрае едноставно многу фирми со повеќе вработени не можат да издржат од свој џеб да ги покриваат трошоците“, додава Спасовска.

Таа објаснува дека работодавачите би можеле месец или два да ги покриваат трошоците за работниците иако не работат, но на подолг рок тоа не е можно, а посебно затоа што се очекува и втор бран на заразата наесен.

Но, сликата е иста и во регионот, па и пошироко. Пандемијата доведе до раст на невработеноста глобално.

Во светот 60 милиони луѓе ќе живеат со помалку од 2 долари дневно како последица на пандемијата.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија