Добивај вести на Viber
Изведувањето на сите градежни активности на автопатот Солин-Сињ, кои според договорот требаше да ги изведува компанијата „Конструктор-инжинеринг“,ги презеде фирмата „Хидроелектра-нискоградња“, беше соопштено вчера од Управата на „Хрватске цесте“.
Со одлуката на Управниот одбор на „Конструктор-инжинеринг“ го губи тендерот за изградба на автопатот Солин-Клис-Сињ, делницата Мајдан-Јамани и Јаман-Клис. Причина за ваквата одлука била непочитувањето на договорените обврски од страна на Конструктор.
„Хидроелектра-нискоградња“, следната недела треба да достави нов план за динамика на работата, како и финансиски план, по што ќе биде познат и рокот за завршување на градежните активности.
Договорот за градба беше потпишан на почетокот на септември 2008 година, а е во вредност од 219.3 милиони куни без ДДВ, стои во соопштението.