20 Јуни, 2019
0.0286

Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена

Објавено во: Економија 22 Мај, 2019

Денес, 22 мај 2019 година, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од мониторингот на јавните набавки во земјата за периодот јули-декември 2018 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите.

Клучните наоди од мониторингот вклучуваат:

-  Зачестено се спроведуваат големи тендери кои не се делат на делови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите, односно се доведува во прашање рационалното и ефикасното искористување на средствата.

-  Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена во однос на првото полугодие. Гледано на годишно ниво, во дури 32% од мониторираните тендери е добиена само една понуда.

-  Зголемена е примената на нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Во 2018 година се склучени вкупно 596 договори без објавување оглас, во вредност од 33 милиони евра, што е за 4 милиони евра повеќе од 2017 година.

-  Продолжува да расте бројот на тендери што се поништени. Во 2018 година, целосно или делумно се поништени 27% од сите постапки за јавни набавки, што претставува раст од 3 процентни поени во однос на претходната година.

-  Спроведувањето на јавните набавки од локално ниво се карактеризира со истите проблеми како години наназад: ниска конкуренција, многу тендери со по еден понудувач, висок процент на поништени тендери и стари, лоши, практики.

-  Во 2018 година, фирмите доставиле 695 жалби до Државната комисија за жалби по јавните набавки, што претставува зголемување во однос на претходната година за дури 37%.

Најновата анкета меѓу фирмите покажува дека:

-  Најчест проблем со којшто се соочуваат фирмите во јавните набавки и натаму е “најниската цена” како единствен критериум;

-  Задоцнетото плаќање падна од втор најчест проблем лани, на осмото место годинава, иако сè уште просечно се чека по 6 месеци и 12 дена за наплата на побарувањата за завршените набавки;

-  48% од фирмите сметаат дека “секогаш”или “често” има корупција во јавните набавки;

-  Просечната оценка со која фирмите го оценуваат процесот на јавни набавки во земјава изнесува 2,87, што е незначителен пораст во однос на лани кога оценката беше 2,85.

Мониторингот на јавните набавки се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста. За повеќе информации за работата на Центарот за граѓански комуникации, посетете ја нашата веб страница www.ccc.org.mk и http://www.opendata.mk/.

Можеби ќе ве интересира

Борба на титаните: кои се најплатените банкари во земјава?

Борба на титаните: кои се најплатените банкари во земјава?

Мила Царовска: За прв пат исплатени пензии без задолжување

Мила Царовска: За прв пат исплатени пензии без задолжување

Миќиќ Божиновска: Повратот на ДДВ е повеќе популистичка отколку мерка за враќање на парите

Миќиќ Божиновска: Повратот на ДДВ е повеќе популистичка отколку мерка за враќање на парите

Теменугов: Буџетот е растегнат како мрсулче

Теменугов: Буџетот е растегнат како мрсулче

ВМРО-ДПМНЕ: Главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување

ВМРО-ДПМНЕ: Главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување

Нова светска економска криза во 2020 година

Нова светска економска криза во 2020 година

Идната година ќе ги укинат квотите за странски работници

Идната година ќе ги укинат квотите за странски работници

МИСТЕРИЈА: Kaде е златото на СССР?

МИСТЕРИЈА: Kaде е златото на СССР?

Павле Гацов даде пример како да ви се врати максимално дозволениот износ на ДДВ од 28.000 денари годишно

Павле Гацов даде пример како да ви се врати максимално дозволениот износ на ДДВ од 28.000 денари годишно