Конгресменот Лу Кореја позитивен на Ковид-19 и по примање на вакцината
Објавено во: Свет 17 Јануари, 2021
Членот на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави, Лу
Кореја, е позитивен на
КОВИД-19, и покрај тоа што неодмана му беше аплицирана
вакцината против
вирусот, објави Асошиејтед Пресс.
Агенцијата цитира информации од канцеларијата на конгресменот. Лу Кореја ја примил само првата доза на вакцината Фајзер.
Конгресменот од Демократите ќе остане во изолација и ќе ја пропушти инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Претходно, Фајзер изјави дека вакцината е ефективна 52% по првата доза и 95% по втората доза.