19 Април, 2024
0.1559

Конференција на македoнскиот пазар на хартии од вредност

Објавено во: Економија 09 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Состојбата на пазарот на хартии од вредност да се подобри преку нови инструменти за развивање на пазарот на хартии од вредност и поголема соработка меѓу берзите, а компаниите да прибираат финансиски средства преку пазарот на капитал. Голема улога можат да имаат фондовите, како најмалку погодени од кризата.

Тоа се дел од оценките упатени од учесниците на конференцијата „Македонскиот пазар на хартии од вредност“, што се одржува денеска во Скопје.

- За Македонија и за регионот,  како прилично фрагментиран и во кој пазарите не се многу длабоки, потребно е да има малку поинтезивна соработка со локалните берзи и да се зголеми бројот на инструменти со кои се тргува. Ќе биде потребно да ги преземеме сите чекори за и нашите компании да бидат котирани на други пазари, но да има можности на Македонската берза да се тргува и да се купува со инвестициски инструменти што се издадени во други држави, рече на отворањето на конференцијата вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

- Воведувањето на задолжителната  котација се очекува да има позитивни ефекти врз транспарентноста на акционерските друштва, а веќе се започнати  активности за издавање на првата општинска обврзница, со што македонскиот пазар на хартии  од вредност дополнително ќе се збогати со уште еден финансиски инструмент, наведе Пешевски.

Тој додаде дека се преземаат и активности за едукација на инвеститорите за да носат издржани инвестициски одлуки.

Според претседателката на Комисијата за хартии од вредност Елизабета Чингароска  регионот мора да ги прифати заедничките цели на регулаторите на глобално ниво за зајакнување и зголемување на довербата на инвеститорите и за креирање фер и потранспарентни пазари на хартии од вредност.

- Глобалните принципи и глобалните правила се добра почетна точка. Ова ќе придонесе за минимизирање на пазарните фрагментации и олеснување на прекуграничните капитални текови. Можеби е време да се реализира идејата за интеграција на македонскиот пазар на хартии од вредност на пошироки платформи на тргување, на почетокот на регионални, а подоцна и европски, заради збогатување, продлабочување и обезбедување поголема ефикасност, рече Чингароска.

Економскиот раст, укажа, е потребен, неопходен и ќе треба да се финансира. Финансирањето преку пазарот на хартии од вредност ќе има се повеќе важна улога во обезбедувањето на растот. КХВ ги охрабрува и поддржува сите друштва да емитираат акции, корпоративни обврзници и слични финансиски инструменти преку кои полесно, побрзо, поефикасно и поевтино ќе дојдат до потребните финансиски средства за реализација на своите бизнис проекти. Воедно, со издавањето нови хартии од вредност се збогатува и понудата на пазарот на капитал, со што тој станува поинтересен за инвеститорите, појасни претседателката на КХВ.

Иван Штериев, главен извршен директор на  Македонската берза, наведе дека берзанската статистика и останатите бројки на пазарот на капитал не покажуваат подобрување и оти кај  некои елементи има дури и влошување.

- Хибернацијата  продолжува. Нема да кажеме ништо ново доколку констатираме дека како последица на финансиската криза, намалената ликвидност и нараснатиот песимистички сентимент на инвеститорите веќе подолго  време бележиме сукцесивно намалување и влошување на сите пазарни показатели, рече Штериев.

Според него, сега на пазарот има поголем простор за пласирање алтернативни инструменти, но тоа ќе зависело од инвентивноста и интересот на финансиските институции.

- Во последните неколку  години очигледно е дека немаме нето прилив на странски инвеститори и пазарот  главно се темели на македонски физички лица и домашни  финансиски институции. Повеќе од јасно е дека на пазарот му е нужно потребно враќање на странските инвеститори кои би биле катализатор на нова динамика. Оттука приоритет на берзата и натаму останува институционално вмрежување,  сопственичко или функционално, со други регионални пазари. Домашните физички лица се присутни  на пазарот,  но во далеку помал обем од порано, со  замрзнати позиции на повисоки ценовни нивоа и со стратегија на исчекување и брз излез  при некоја нова конјуктура, рече Штериев.

- Моментно располагаат со 8,5 милиони евра, а  пензиските фондови поради задолжителниот  месечен прилив на средства се  многу поголеми  и управуваат со околу  370 милиони евра, но засега имаат мал дел од нивната актива во домашни акции, изјавил Штериев.

Според него, во наредниот краткорочен период  берзанската динамика многу ќе зависи токму од сентиментот на  домашните инвеститори во услови на намалени каматни стапки и благорастечка стапка на инфлација, актуелното економско и политичко опкружување  во земјата и пошироко, но и перформансите и севкупното однесување на главните комапнии  кои тргуваат на берзата.

Данеј Жугаљ, директор на Агенцијата за пазар на хартии од вредност во Словенија, оцени дека пазарот на капитал може да помогне за излез од кризата. - Пазарот на капитал во последно време стагнира. Сметам дека мерките на Владата  се насочени премногу кон решавање на банкарските проблеми, што на крај ќе направи последици затоа што според мене пазарот на капитал е тој што може да помогне за излез од кризата. Сметам дека е време да се даде некој сигнал на сите пазари на капитал во целиот регион да се размисли за некои мерки со кои ќе се даде придонес за решавање на проблемите. Сметам дека едно од големите решенија е во фондовите затоа што кризата најмалку ја погоди таа гранка, рече Жугаљ.

Претседатлеката на УО на Загребачката берза Ивана Гажиќ истакна дека ликвидноста најмногу зависи од базата на инвеститорите и колку атрактивни  акции има на берзите. - Доколку  овие два услова се  остварат, тогаш можеме да очекуваме во иднина  да биде корисно некое поврзување, смета Гажиќ.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите