КОНЕЧНО УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ – РАЗГОВОРИТЕ ЗА СПОРНИОТ ЗАКОН ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖАТ

Објавено во: Економија 05 Декември, 2022
Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за измените на Законот за работните односи во кој беше оспорено работењето во недела.
Но, тоа не е причина да не ги продолжиме разговорите со Владата, со цел конципирање ново законско решение што ќе биде прифатливо за сите, соопшти Стопанската комора на Северна Македонија.
„Во моментов, законското решение што е во важност, нема бизнис-логика, а има многу можности за негово прилагодување, кои не се спротивни на Уставот. Притоа ги имаме предвид компаративните искуства од опкружувањето, па дури и од членките на ЕУ, каде што работата во недела не е ограничена на ваков начин како кај нас, а сепак не е спротивна на уставните принципи.
Во тој правец ќе дејствуваме и ние во следниот период“, се вели во соопштението од Стопанската комора.
Можеби ќе ве интересира
Лани државата за 17 отсто ги зголемила приходите од даноци

НОВ БРАН ПРОТЕСТИ ЈА ПАРАЛИЗИРАА ФРАНЦИЈА: Училиштата затворени, сообраќајот во застој

Анѓушев: Од мај продажба на електрична енергија за извоз
ПЕНЗИСКИОТ ФОНД НА НОРВЕШКА ДОЖИВЕА НАЈГОЛЕМА ЗАГУБА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ: Помалку има дури 152 милијарди евра
Официјално: Над 10.000 Македонци лани работеле како странци во Хрватска

За колку се намали вредност на рубљата во однос на доларот?

ПОТРЕБНИ СЕ И ВО ЈАВЕН И ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР: Оваа професија станува популарна

Прогнозите на ММФ контрадикторни: „Очекувајте го неочекуваното“, а оваа земја дефинитивно оди во рецесија
