Конечно планетата ќе здивне од нас луѓето: Андријана Јаневска ужива во домашна изолација со семејството
Објавено во: Стил 02 Април, 2020
Пејачката, виолинистка и професор на ФМУ Андријана Јаневска, во овие моменти на домашна изолација ужива во друштво на своето семејство, сопруот Гино и синовите Димитар и Кристијан. Таа за Женски Магазин откри како се справуваат со ситуацијата со коронавирусот.
- Кога има сончеви денови, претежно сме во двор. Децата играат со топка, се лулаат лулашката во дворот или играат некои нивни игри. Со сопругот ги користиме сончевите денови за скара или го средуваме дворот. Дома со децата играме друштвени игри како карти, Не лути се човече или шах, а навечер готвиме вечера.