23 Февруари, 2020
0.0280

Конечни податоци: Државата не ги потроши парите за капитални проекти

Објавено во: Економија 27 Јануари, 2020

Владата успеа да потроши за цела година лани само 78 отсто од планираните трошоци за капитални проекти. Станува збор за сума од речиси 290 милиони евра, а предвидени беа безмалку 370 милиони евра за цела година и тоа по намалувањето на сумата со ребалансот на буџетот за минатата година. Имено пред да се прекрои буџетската каса, за капитални трошоци за 2019 година беа предвидени 422 милиони евра.

Податоците за реализација на буџетот за минатата година, Министерството за финансии ги објави денеска, а покажуваат дека Владата усепала да ги собере најголем дел од приходите или реализацијатана приходната страна е речиси 97 проценти. Расходите се реализирани со 95 проценти, додека само капиталните се со помала реализација, односно потрошени се три четвртини од планираното.

Капиталните инвестиции иако речиси секоја година се реализираат послабо па се кратат со ребалансите, последните две години имаа значајно слаба реализација. Тоа се парите кои државата ги троши за капитални проекти за училишта, градинки, гасоводи. Министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Фактор неодамна изјави дека има навистина добра реализација во декември од 6,7 милијарди денари, за проекти од транспортот, одбраната, гасификацијата, животната средина...

„Не велам дека сега треба да бидеме комфорни, бидејќи на крајот на годината имаме добра реализација. Треба да се стремиме работите да ги направиме подобри. Со алатката за транспарентност за објава на капиталните расходи по буџетски корисник пред два месеци и дадовме на јавноста моќ да врши притисок врз институциите да работат подобро во овој сегмент. Резултатите ги гледаме на крајот на годината. Исто така, при планирање на капиталните расходи за 2020 година земен е предвид и trackrecord-от на институциите од преходните години, изјави Ангеловска. 


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Министерката Ангеловска очекува невработеноста да се намали на 16 отсто

НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Министерката Ангеловска очекува невработеноста да се намали на 16 отсто

РАЗЛИКA ВО ПЛАТИ: Со четири месеци работа земаат колку еден програмер

РАЗЛИКA ВО ПЛАТИ: Со четири месеци работа земаат колку еден програмер

Компаниите бараат владеење на правото, со Италија има можност за поголема соработка

Компаниите бараат владеење на правото, со Италија има можност за поголема соработка

Анѓушев на 98 години - Стопанска комора: Порано проблемот беа финансиите, сега кадарот

Анѓушев на 98 години - Стопанска комора: Порано проблемот беа финансиите, сега кадарот

ЛЕСНО НАОЃААТ РАБОТА, А ИМААТ И НАЈГОЛЕМА ПЛАТА: Зошто е добро да се биде програмер во Македонија

ЛЕСНО НАОЃААТ РАБОТА, А ИМААТ И НАЈГОЛЕМА ПЛАТА: Зошто е добро да се биде програмер во Македонија

Водоводни дефекти на неколку улици, проблемот во Гази Баба саниран

Водоводни дефекти на неколку улици, проблемот во Гази Баба саниран

ТОП ПЕТ НАЈПЛАТЕНИ ПРОФЕСИИ: Каде се „кријат“ највисоките плати во земјава

ТОП ПЕТ НАЈПЛАТЕНИ ПРОФЕСИИ: Каде се „кријат“ највисоките плати во земјава

ОПОЗИЦИЈАТА КРИТИКУВА, ВЛАСТА СМИРУВА: Јавниот долг расте а се наѕира и нова еврообврзница

ОПОЗИЦИЈАТА КРИТИКУВА, ВЛАСТА СМИРУВА: Јавниот долг расте а се наѕира и нова еврообврзница

Колку пари има во бизнисот со продажба на очила за сонце

Колку пари има во бизнисот со продажба на очила за сонце