24 Септември, 2020
0.0219

КОМПАНИЈА ФОРМИРАНА ВО ДУБАИ САКАЛА ДА ЈА КУПИ ЕУРОСТАНДАРД - Костовски ќе вложел и свои 2,5 милиони евра само да се спаси банката

Објавено во: Економија 14 Август, 2020

Имало заинтересиран инвеститор за купување на Еуростандард банка, и за него само се знае дека е компанија формирана во Дубаи.

Но, за нив раководството на Народна банка на Македонија, не сакало да одвои ниту пет минути да поразговара со нив, односно тие да дојдат во државата и да ја претстават својата сериозна намера и понуда за купување на Еуростандард банка. 

Главните акционери на банката на која Народна банка и ја укина дозволата за работа и побара прогласување на стечај, Трифун Костовски и неговиот син, Коста Костовски, на денешната прес конференција рекоа дека не можат да дадат повеќе детали за потенцијалниот инвеститор во Еуростандард банка, нагласувајќи дека со нив пред преговорите потпишале Договор за доверливост.

„Токму пред да почне денешната пресконференција оттаму ни се јавија и не замолија да не го откриваме нивниот идентитет, а и не е коректно да откриваме повеќе, бидејќи имаме Договор за доверливост. Но, дефинитивно станува збор за сериозен можен инвеститор“, рече Коста Костовски.

Еден од сопствениците, Трифун Костовски, нагласи дека тој лично, со пари од неговото семјество, бил спремен да доплати 2,5 милиони евра, само со цел потенцијалниот инвеститор да прифати да ја купи банката и таа да се спаси од стечај, но за Народна банка не била прифатлива ни оваа понуда. 

За потенцијалниот инвеститор Костовски објави дека потрошил најмалку 100 илјади евра со цел да направи длабинска анализа на банката, што за него сега се изгубени пари, бидејќи од НБМ не сакале ни да разговараат ни пет минути за оваа понуда. 

Инаку, сопствениците денеска обвинија дека ова е смислено и долго планирано сценарио за распад на банката, но тие уверуваат дека не знаат кој стои позади тоа. Но, вели Костовски, многумина што знаеја, ги повлекоа своите пари од банката. Најавија кривични пријави за поранешниот Управен одбор на Банката и постапка пред Арбитражен суд во која ќе ја тужат државата за покренување на стечајна постапка од страна на Народната банка.

Според Трифун Костовски, сегашното раководство на НБМ на чело со Бежовска, не најде сили да помогне банката да се извлече од кризата.

„Оваа гарнитура на НБМ е бирократска, некомпетентна незрела и не ги познава бизнис тековите. Во случајов за килограм месо убиваш вол. Ние и само можевме да ја спасиме банката, но не ни се дозволи да работиме една година и затоа сметам дека беше подобро да ни ја одзедоа дозволата пред една година. Не дозволија ниту инвеститорот кој беше заинтересиран да ја извлече банката од криза да ја почне постапката“, рече Костовски. 

Инаку, бизнисменот и сопственик на банката ги потврди информациите на Фактор дека инвеститорот денеска требало да даде понуда за купување на банката, а укинувањето на дозволата се случи пред два дена, што е многу симптоматично. 

Костовски не сакаше да каже дали некој политичар е вмешан во ова.

На нашето прашање дали се обратил кај некого од актуелниот владејачки политички естаблишмент за да му помогне да ја спаси банката, рече дека не сакал да меша политика, бидејќи сакал да верува во независноста и објективноста на Народна банка, што за жал, се покажало како погрешно.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Владата сака да гради пруга до Струга, а МЖ Инфраструктура не може да врати 10 милиони евра

Владата сака да гради пруга до Струга, а МЖ Инфраструктура не може да врати 10 милиони евра

Драстичен пад на доходот на домаќинствата: А колку ќе не сотре Ковид?

Драстичен пад на доходот на домаќинствата: А колку ќе не сотре Ковид?

НОВИ ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ НА АГЕНЦИЈАТА - дури 40 илјади новорегистрирани невработени

НОВИ ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ НА АГЕНЦИЈАТА - дури 40 илјади новорегистрирани невработени

РЕКОРДЕРИ ВО ЕВРОПА: БДП на земја од регионот отиде на дното

РЕКОРДЕРИ ВО ЕВРОПА: БДП на земја од регионот отиде на дното

НОВА ЛИСТА: Познато е кои се десетте најбогати држави во светот

НОВА ЛИСТА: Познато е кои се десетте најбогати држави во светот

Генерали Инвестментс: Инвеститорите немаат вистинска алтернатива

Генерали Инвестментс: Инвеститорите немаат вистинска алтернатива

ФИТР: 2,35 милиони евра за поддршка на 84 микро и мали стартап компании

ФИТР: 2,35 милиони евра за поддршка на 84 микро и мали стартап компании

Битиќи: Се преговара со четири странски инвестиции

Битиќи: Се преговара со четири странски инвестиции

Догодина ќе се градат две фотоволтаични електрани во Осломеј: Има заинтересирани компании

Догодина ќе се градат две фотоволтаични електрани во Осломеј: Има заинтересирани компании