25 Април, 2024
0.0334

Коморски инвестициски форум (КИФ): Од идеја до реализација

Објавено во: Економија 17 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Коморскиот инвестициски форум е основан со имплементацијата на заклучоците од Берлинскиот процес, преку јакнењето на регионалната соработка, на 27 август 2015 година, во Виена, за време на одржувањето на Виенскиот самит,што започна под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел, со што се потенцираше намерата за активно вклучување на националните стопански комори во реализацијата на конкретните цели од овој процес. Со цел исполнување на заклучоците од Берлинскиот процес и интензивирање на соработката меѓу коморите од земјите од Западен Балкан во насока на спроведување на заеднички активности кои се од интерес за бизнис заедниците од регионот, шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан (Стопанската комора на Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово) го основаа Коморскиот инвестициски форум (КИФ).


Во јули 2017 година е отворена канцеларијата на Генералниот секретаријат на Коморскиот инвестициски форум со седиште во Трст, а во февруари 2019 година е отворена и регионална канцеларија на Коморскиот инвестициски форум со седиште во Подгорица.Овие две канцеларии служат како главна поддршка во регионот задолжени за реализација на заеднички проекти на шесте комори.


Коморскиот инвестициски форум, како платформа на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, зема активно учество во процесите на имплементација на проектите кои се од важност за економскиот просперитет на земјите од Западен Балкан и е еден од носечките чинители за имплементација на Повеќегодишниот акциски план за регионална економска област. 


Активностите на Коморскиот инвестициски форум се насочени кон унапредување на конкурентноста на економиите од регионот со поврзување на бизнис заедниците од 6-те земји, подобрување на бизнис климата во регионот и зголемување на стоковната размена со земјите од Западен Балкан, но и пошироко, преку зголемена регионална економска соработка, промовирање на понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор, олеснување на регионалната мобилност и креирање  агенда за дигитална интеграција. 


Во кратки црти, основната цел на КИФ и на целокупниот Берлински процес  е да го приклучи регионот и да го придвижи кон Европската унија, во зона на стабилност, безбедност и економски просперитет, со цел земјите од Западен Балкан да имаат европска иднина, на што треба да се гледа како на последна шанса за заеднички економски напредок на регионот, но и како единствен пат кон одржлив раст и развој кон членството во ЕУ, на секоја земја поединечно.

м-р Сања Николова


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди