Комисијата за заразни болести не исклучува уште една недела рестриктивни мерки
Објавено во: Македонија 18 Април, 2021
Комисијата за заразни болести размислува да предложи уште една недела продолжување на рестриктивните мерки, кои главно ги опфаќаат неработењето на угостителите и полицискиот час од 20.00 до 05.00 часот, објави Сител.
Утре ќе биде познато дали ќе има и натаму полициски час и објектите ќе останат затворени, односно членовите на комисијата треба да ја дадат препораката, додека Владата ќе го има последниот збор.
Во вторник завршува важноста на двонеделните рестриктивни мерки но не е исклучена можноста тие да продолжат уште една недела, односно до 27 април.
Во моментов она што е познато е дека според Министерството за здравство, попушта притисокот врз болниците, што е клучно во донесувањето на одлуката.