04 Јули, 2020
0.0345

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ГО ЗАВРШИ СОСТАНОКОТ: Нема карантин, само масовно тестирање во Штип

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2020

Заврши денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, од каде за Фактор информираат дека не се предложени карантински мерки за Штип. Иако низ градот се шират шпекулации дека бројот на новозаразени достигнал над 60, сепак, утврдено е дека бројот е многу помал од вчерашниот кој изнесуваше 27. Велат дека состојбата ја следат од час во час и освен што во моментов се затворени петте конфекциски фабрики, од каде е и кластерот на новозаразените, нема одлука за драконски мерки, односно градот да се стави под карантин.

Градоначалникот Благој Бочварски за Фактор потврди дека од денеска почнува и масовниот скрининг во Штип, за што градот доби и дополнителна кадровска помош, односно зголемен е бројот на техничарите од другите Центри за јавно здравје, не само од штипскиот. Се тестираат вработените во конфекциите, за денеска се планирани дури 200 тестови, а најдоцна до сабота тестирањата треба да завршат.

-Денеска имаме и добри вести. Дел од првите заболени од овој втор бран што го погоди Штип се веќе со негативни тестови. Тие треба да направат уште еден тест по неколку дена и доколку и тие резултати бидат негативни, ќе бидат регистрирани како излакувани, вели Бочварски, за Фактор.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

Силно невреме во Битола, поплавени улици низ градот

Силно невреме во Битола, поплавени улици низ градот

ВИДЕО: Гога игра рокенрол

ВИДЕО: Гога игра рокенрол

Најмладиот од шесторицата починати има 36 години

Најмладиот од шесторицата починати има 36 години

Му паднале овците, го фатила струја

Му паднале овците, го фатила струја

ЗАКРЕПНУВА ДОБРО: Разговор со пациентот на кој му беше трансплантирано срце

ЗАКРЕПНУВА ДОБРО: Разговор со пациентот на кој му беше трансплантирано срце

ВМРО-ДПМНЕ: Не ни очекувавме на Русковска и Кацарска да им се допаднат нашите спотови

ВМРО-ДПМНЕ: Не ни очекувавме на Русковска и Кацарска да им се допаднат нашите спотови

Вонредна временска прогноза за попладнево

Вонредна временска прогноза за попладнево

Вирусот не стивнува: Уште 147 заразени, починале шест лица

Вирусот не стивнува: Уште 147 заразени, починале шест лица

Заев: Можна е постизборна коалиција со ДУИ, комуницирам со Алијанса и Алтернатива

Заев: Можна е постизборна коалиција со ДУИ, комуницирам со Алијанса и Алтернатива