28 Март, 2024
0.0269

КОМИСИЈА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ: Ниту ни побарале, ниту сме дале дозвола на Коста Костовски за неговиот фонд

Објавено во: Финансии 09 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека од Друштво за управување со приватни инвестициски фондови „Глобал Инвестмент Корпорејшн" - Доо Скопје до Комисијата за хартии од вредност досега нема поднесено никакво барање,  па оттука и во овој момент пред Комисијата за хартии од вредност не се води никаква постапка.

„Друштвото за управување со приватни инвестициски фондови „Глобал Инвестмент Корпорејшн" - Доо Скопје е основано на 20 ноември, 2020 година, а уписот на основањето е извршен во Централниот Регистар на РСМ, за што согласно Законот за инвестициски фондови не е потребна дозвола за работење, дозвола за именување на директор или претходна согласност од страна на Комисијата за хартии од вредност“, соопштија од КХВ. 

Заради  правилна и доследна  примена на законите, оттаму апелираат да се прави разлика во поимите, статусот и надлежноста на друштво за управување со инвестициски фондови и друштво за управување со приватни инвестициски фондови.

„Имено, согласно Законот за инвестициски фондови, за разлика од друштвата за управување со инвестициски фондови, друштвата за управување со приватни фондови, каков е и статусот на посоченото друштво од страна на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка, при нивното основање не доставуваат барање за дозвола за работење  до Комисијата за хартии од вредност, ниту пак Комисијата е надлежна да издава согласност на управителите (директорите) на друштво за управување со приватни инвестициски фондови.

Единствено, согласно член 93 став 2 од Законот за инвестициски фондови, Комисијата за хартии од вредност врши запишување на приватните фондови со кои управува друштвото за управување со приватни инвестициски фондови и тоа во Регистарот кој го води Комисијата на својата веб страница, но во овој момент нема ниту такво барање до Комисијата за хартии од вредност“, информираат од Комисијта за хартии од вредност.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка