(КОМИЧНО ВИДЕО) КРАВАТА МУ ПАДНА ОД КОМБЕТО ДОДЕКА ВОЗИ - возачот мртов ладен
Објавено во: Балкан 18 Мај, 2020
Премногу смешна сцена се случила вчера во близина на градот Сребреник во Босна и Херцеговина. За тој настан е објавено и видео на старницата „Полицијата сопира.рс“.
На видеото се гледа како крава паѓа од комбе кое се движи. Но, комедијата е во тоа што откако кравата паѓа од ова возило, всушност отворајќи ја вратата и обидувајќи се да се симне, возачот на комбето, дали поради тоа што не ја почувствувал промената на својот товар, си продолжува да вози, без да застане.
Ова се случува поради тоа што задната врата на комбето што ја превезува креавата, не било добро затворена.
Ова смешно виде за кус тајминг стана хит на интернет, и веже има огромен број на прегледи.
Погледнете го видеото.