28 Март, 2024
0.0259

Комерцијална банка контра НБРМ: Ќе исплатиме дивиденда

Објавено во: Економија 30 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка ќе им исплати на акционерите дивиденда за минатата година. Во соопштение кое банката гоиспрати до Македонска берза од банката со која директорува Хари Костов ги известуваат акцинерите дека одлуката да делат дивиденда си останува и дека не сметаат дека треба да ја менуваат. Народната банка им сугерираше на банките да не ги делат добивките од минатата година и повика истите да ги задржат за да го зголемат капиталот. НЛБ Банка веќе извести дека ќе ја послуша Централната банка, но од Комерцијална банка се известуваат децидно дека не планираат да ги менуваат одлуките кои веќе ги предложија за акционерското собрание, а меѓу кои беше и таа за поделба на дивиденда. Во меѓувреме Владата донесе Уредба со законска сила со која им наложи да ги откажуваат акционерските соибранија додека трае вонредната состојба, по што во петокот Комерцијална банка го откажа закажаното собрание.

Управниот одбор и Надзорниот одбор на Комерцијална банка сметаат дека Банката треба да остане на веќе предложената Одлука до Собранието на акционери со која нераспределената добивка од 2019 година се распоредува на 553 милиони денари за резерви на Банката со која се зголемува нејзиниот капитал и 1.253 милиони денари за дивиденда на акционерите на Банката. Всушност, согласно препораките на Комисијата за хартии од вредност за учество и гласање на Собранието по пат на кореспонденција, кое беше закажано за 2.04.2020 година, заклучно со 27.03.2019 година, 52,92 проценти од акционерите на Банката веќе гласаа за предложената Одлука, стои во соопштението од Комерцијална банка.

Образложуваат и зошто прават тоа.

Комерцијална банка постојано издвојува значаен дел од добивката во резерви и го зголемува сопствениот капитал. Така на пример, само во 2019 година беа издвоени 823 милиони денари (13,4 милиони евра) од добивката во 2018 година, а и оваа година со предложената одлука се издвојуваат 553 милиони денари (скоро 9 милиони евра) во резерви на Банката. Со тоа капиталот на Банката ќе достигне износ од 11.987 милиони денари (или скоро 195 милиони евра). Тоа покажува дека Комерцијална банка има солидна капитална основа да се соочи со очекуваните движења и последици врз стопанството и населението, ги исполнува сите законски и супервизорски стандарди, е ликвидна и солвентна, велат од банката.

Додаваат и дека за разлика од сите поголеми банки во државата, кои се доминантно во странска сопственост, Комерцијална банка АД Скопје е речиси целосно во сопственост на домашни акционери. Со состојба на 29.02.2020 година, 96,42 отсто се домашни акционери и само 3,58 проценти се акционери од странство. 

„Тоа значи и дека скоро целиот износ на предвидената дивиденда, односно 96,42%, ќе биде исплатен на домашни правни и физички лица, за разлика од другите поголеми банки, каде вообичаено исплатената дивиденда се трансферира во странство. Во случајот на Комерцијална банка, според сегашната состојба на акционерската книга, дивидендата ќе им биде исплатена на 4.555 домашни физички лица во износ од 476 милиони денари, на 344 домашни правни лица во износ од 679 милиони денари и ќе биде исплатен данок кон Буџетот во износ од 57, 4 милиони денари. Тоа значи дека со исплата на дивидендата ќе се подобри ликвидноста на сите овие субјекти, вклучувајќи го и Буџетот на државата, што сметаме дека е особено важно во овој период кога и стопанството и населението се соочуваат со проблеми, велат од банката.

Исплатата на двидендата ја најавуваат за периодот по завршувањето на вонредната состојба.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“