КОМЕНТАР: (ЗЛО)УПОТРЕБА НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ДОДВОРУВАЧКИ ВЛАДИНИ УРЕДБИ
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Јуни, 2020
Во чиј интерес работи техничката Влада на Република Македонија? Вонредната состојба која беше продолжена вчера за нови 14 дена веќе два месеци ѝ дава одврзани раце на Владата да носи уредби со сила на закон. По одржувањето на 58 седница на Владата се поставува дилемата околу издржаноста на одлуките кои ги носат на седниците. Имено, спротивно на волјата на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и дел од здруженијата на медиумски работници, објави Институтот за развој на електронски комуникации.
Донесената Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 со која се опфатени сите радиодифузери во земјата за надомест на трошоци за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување согласно Законот за електронски комуникации, како ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот.
Од тука, ИНРЕКОМ поставува легитимно прашање: зошто се опфатени единствено националните и некои регионални канали што зрачат терестријално, а се дискриминирани каналите што зрачат преку мрежи што не користат ограничен ресурс, како што се кабелските и сателитските канали? Исто така, прашуваме каде се и радијата во сета оваа приказна?Целиот текст овде.