Колку заработуваат сезонците на Јадранот по час?
Објавено во: Финансии, Балкан 13 Јуни, 2019
Цената на физичката работа во Хрватска скокна и повеќе од цената на интелектуалните услуги.
Сопствениците на апартмани во Опатија по час плаќаат 9.5 евра за чистење.
Овој износ во сезона може и да порасне затоа што работници нема.
Угостителка во Опатија за час чистење плаќа по 65 куни, а градинар за одржување на дворот воопшто не нашла.
Вели дека цените на услугите се искачуваат „до небото“.
Дел од сезонците на Јадранот заработуваат и по 14 евра на час, а тоа е повеќе од заработката на еден лекар.