25 Април, 2024
0.0270

Колку заработи компанијата од „Лајонес“ и „Кеш бек“ во Македонија?

Објавено во: Економија 18 Април, 2019

Добивај вести на Viber

„Мајворлд“ компанијата што ги работи „Лајонес“ и „Кеш бек“ во земјава лани имала драматичен пад на приходите за 44 отсто односно за 830.500 евра помалку од 2017 година.

Мултилевел маркетинг компанијата „Мајворлд“ застапник на системот „Кеш бек“ на „Лајонес“ за Македонија лани завршила со загуба во работењето од речиси 380.000 евра покажуваат официјални податоци за финансиското работење достапни во базата на ЦРМ. Компанијата  на македонскиот пазар е позната по тоа што ги нуди картичките за пазарување со попуст од мрежата на „лајонес“ со што се остварува поврат од секоја реализирана трансакција на средства во малопродажните ланци и продавници во земјава.

„Мајворлд“ лани имала вкупни приходи од 1,058 милиони евра и тие бележат пад од 830.500 евра односно биле помали за 44 отсто во споредба со 2017 година. Оваа компанија лани вработувала 12 лица исто колку што имала и во 2017 година. Вкупните расходи лани биле 1,437 милиони евра и тие се поголеми од вкупните приходи за околу 379.000 евра колку што е и загубата на компанијата за лани. За разлика од лани „Мајворлд“ во 2017 година имал добивка од 17.300 евра.

Од компанијата велат дека разликата во остварените приходи во рамките на споредбените периоди впрочем не претставува реален пад на приходите од оперативното работење на компанијата на македонскиот пазар, туку се работи за промена на финансискиот модел по кој компанијата започна да работи минатата година, кога стана независна наместо сервисна подружница на својата мајка компанија.

Освен „Мајворлд“ друга компанија во овој бизнис е „Лајконет“ која исто како и првата е регистрирана на адреса во скопската општина „Карпош“. Оваа компанија е основана лани и во своето работење остварила вкупни приходи од 52.140 евра, а вкупни расходи од 49.680 евра. Таа има едно вработено лице лани, а завршила со добивка од 2.463 евра. Компанијата има главнина и резерви во износ од 2.463 евра, а вкупната актива изнесува 1,15 милиони евра.

Што нуди „Лајонес“ и „Кеш бек“ ?

Овој систем според достапни податоци прв пат е промовиран во Австрија во 2003 година. Неговата цел е да создаде и шири мрежа на задоволни и мотивирани купувачи кои за секоја остварена трансакција добиваат поврат на парите и шопинг поени. Според достапни податоци постои од 2011 година во Македонија. Системот во земјава нуди и онлајн купување и во 19 различни категории нуди попусти во повеќе од 2.130 продажни места ширум земјава според достапните податоци од веб страницата на „кешбек“ во Македонија.

Р. Ф.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија