28 Март, 2024
0.0303

Колку пари вртат нашите кондиторски џинови?

Објавено во: Економија 27 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Двете најсилни и наголеми домашни кондиторски компании лани имаат приходи од речиси 70 милиони евра. И двете ги краси епитетот создавачи на брендови, големи извозници и семејно контролирани или целосно поседувани фирми. Заедничко им е тоа што докажаа дека во Македонија не мора да си од Скопје за да правиш голем бизнис зашто „Витаминка“ е од Прилеп, а „Макпрогрес“ од Виница, на македонскиот исток

Двете најголеми домашни компании со претежно кондиторска дејност лани оствариле вкупни приходи од приближно 70 милиони евра, што е резултат за почит. И двете компании бележат зголемување на пазарното учество. Значајно е тоа што и двете компании имаат значајна извозна компонента и тоа добро за македонската трговска размена. И двете имаат свои изозни пазари на кои се профилирани солидно, едната повеќе на западните пазари, а другата значајно присутна и на пазарите за земјите од Блискиот Исток. И многу интересно и за наши услови просто неверојатно ниту една од двете компании не се од Скопје.

„Витаминка“ е најголемата кондиторска индустрија и лани има приход од 38,35 милиони евра. Заштитен знак на „Витаминка“ е „Стоби Флипс“ производ што веќе пет децении е радост на најмладите во земјава и многу е популарен и во странство. „Витаминка“ освен палетата на кондиторски производи неодамна го оживеа брендот „Брилијант“ масло за јадење од Штип купувајќу ја опремата и производниот капацитет. Лани „Витаминка“ и покрај солидниот раст на приходите има пад на добивката и таа изнесува 470.000 евра и е за 17 отсто пониска од претходната 2017 година. „Витаминка“ е голем индустриски генератор за Прилеп и е компанија во целосна сопственост на домашни акционери. Најголем поединечен акционер е Симон Наумоски долгогодишен директор на компанијата и „најголем виновник“ за тоа што сега „Витаминка“ е реномиран меѓународен производител. Тој поседува 29,5 отсто од акциите со право на глас, а неговиот син Сашо Наумоски кој оперативно го превзеде управувањето со компанијата поседува 7 отсто од акциите. Во семејството Наумоски има уште 5,2 отсто од капиталот кои ги поседува Марика Наумоска. Покрупни акционери се и Кирил Божиновски и Стефан Игнатоски со по 6 отсто акции, а Наташа Стојковска има 5 отсто од акциите со право на глас. Оваа компанија има вкупно 215 акционери домашни физички лица кои поседуваат 90 отсто од акциите со право на глас.

Виничката семејна фирма„Макпрогрес“ е втората најголема кондиторска индустрија во земјава. Нејзиниот приход лани надмина 30 милиони евра. Ова е семејна компанија основана во 1990 година од Александар Цветанов. Компанијата која со своите производи е присутна на 55 пазари ширум светот лани оствари добивка во износ од 1,64 милиони евра. „Макпрогрес“ има развиено неколку брендови од кои најстар и напознат е кондиторскиот бренд „Винчини“. На палетата на „Макпрогрес“ се уште и брендовите „Сончева долина“ – пакувани зрнести производи, „Армониа“ грицки и переци, „Натура“ бренд за здрава храна и „Дониа“ производен капацитет лоциран во Прилеп и специјализиран за производство на локум, алва и колачиња.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат