16 Април, 2024
0.0357

Колку пари врти бизнисот со софтвери?

Објавено во: Економија 21 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Шест софтверски компании активни во земјава со распон на приходи од 3,4 милиони евра во 19,7 милиони евра беа опфатени во споредба на „Фактор“. Заедничко за сите нив е тоа што книжат раст на приходите лани во споредба  со 2017 година. Најголем е „Сеавус“, најголем процентуален раст на приходи има „Некстсенс“, а „Ендава“ има најголем скок на профит. Ерата на дигитализација го прави своето, сите директно или индиректно сме нивни клиенти. Кај пет од шестте анализирани профитната маргина се движи од најмалку 8,6 отсто до најмногу 18 отсто

„Фактор“ направи анализа врз официјални достапни податоци на избор од шест софтверски компании кои имаат седишта или подружници во нашата земја. Заедничко за сите нив е што им расте бизнисот односно приходите од продажба, а притоа сите се во добивка, а дел од нив имаат и солидни профитни маргини.

„Сеавус“ има најголеми приходи и најзначен профит во споредба со другите компании кои беа предмет на споредбата. Оваа голема софтверска компанија која години наназад успешно работи во земјава лани имала приходи од продажба во износ од 19,67 милиони евра. Тие пораснале за 24,5 отсто во однос на 2017 година. Оваа компанија која вработува повеќе од 400 лица и лани оствари добивка од 3,52 милиони евра. Таа е повисока за 25 отсто во однос на 2017 година. „Сеавус“ е компанија со најголема добивка во однос на другите пет анализирани компании.

„Ассеко“ македонска подружница на полска софтверска компанија која е присутна на нашиот пазар лани имала приходи од 14,7 милиони евра. Тие се за 14 отсто повисоки од претходната 2017 година. Добивката на „Ассеко“ лани е 2,2 милиони евра и е за 17,4 отсто повисока од претходната 2017 година.

„Некстсенс“ е успешна домашна компанија која солидно се справува со странската конкуренција. Лани оваа фирма остварила приходи од 7,48 милиони евра и има најголем раст на приходи во однос на конкуренцијата од 58,5 отсто. Компанијата лани остварила добивка од 636.215 евра и таа е за 61,5 отсто поголема од профитот во 2017 година.

Конкурентна е и „Ендава“ подружница на британска компанија за софтверски решенија. Endava PLC е базирана во Лондон, и котира со акции на NYSE (DAVA),со седиште во Скопје. Нејзиниот приход лани е 6,6 милиони евра и книжи раст од 48 отсто во споредба со претходната година. Профитот на „Ендава“ лани е 105 отсто повисок од 2017 година и изнесува 537.800 евра.

„Алокејт“ е подружница на британска компанија за софтверски решенија. Лани има приходи од 3,85 милиони евра и таа е повисока за 27 отсто од претходната година. Нето добивката е околу 400.000 евра и е речиси идентична со профитот од претходната година.

„Мусала Софт“ е скопска подружница на бугарска софтверска компанија. Лани нејзините приходи се 3,4 милиони евра и се за 44 отсто повисоки од претходната година. Добивката за лани е 5.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?