28 Март, 2024
0.0384

Колку пари прават водечките светски модни брендови на нашиот пазар?

Објавено во: Економија 22 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Најголеми продавачи на нашиот пазар се Зара и ЛЦ Ваикики, а веднаш зад нив е Фешн Груп. Во најголемите се уште: Котон, Магнетик, Мавратех и македонската подружница на Њу Јоркер

Граѓаните на Македонија сакаат да се облекуваат убаво и уживаат во тоа. Верувале или не, лани најголемите увозници, дистрибутери и продавачи на мало на брендирана увозна облека во земјава (рангирани се компании со приходи од најмалку 3 милиони евра) направиле  приход поголем од 80 милиони евра. Тоа значи дека, ние, љубители на брендирана и квалитетна облека од увоз лани од нашите семејни буџети сме одвоиле над 80 милиони евра за набавка на омилени парчиња облека. Од овој аспект Македонија, може е мал, но е далеку од слаб пазар за бреднирана увозна облека.

Да тргнеме со ред: најголеми ривали на македонскиот пазар за брендирана увозна облека се брендовите на ЛЦ Ваикики и на Зара.

Епитетот најголем продавач на бреднирана странска облека лани го има ЛЦ Ваикики Ретаил македонската подружница на турскиот гигант. Лани во нејзините продавници во земјава е направен приход вреден 29,7 милиони евра што е за 13 отсто подобар резултат односно поголем приход од 2018 година. Профитот на македонската подружница на „ЛЦ Ваикики магазиџилик хизметлери тиџарет аноним ширкети“ е 2,4 милиони евра што ланската година ја прави за 55 отсто поуспешна од 2018 година.

Најголемиот ривал од аспект на продажбите на македонскиот пазар е македонската подружница на шпанското чудо Зара Холдинг Б.В. Македонската фирма ИТХР Македонија лани остварила приход од 21,7 милиони евра што е за 4 отсто повеќе од претходната година. Но затоа пак фирмата на Зара го носи епитетот најпрофитабилен продавач на увозна брендирана облека. ИХТР Македонија лани има добивка од 2,96 милиони евра што пак е за 9 отсто послаб резултат од 2018 година.

Голем учесник на нашиот пазар се компаниите од групацијата на Фешн Груп. Во ова рангирање се опфатени три од нив: Еуро Фешн Трејд, Фешн Груп Адриатик и МГ Фешн ДОО. Компаниите од групацијата продаваат реномирани светски брендови меѓу кои се и: Тимберленд, Окаиди, Спрингфилд, Голден Поинт, Манго, Хуго Бос и други. Лани најголем приход имала компанијата Еуро Фешн Трејд и тој изнесува 6,3 милиони евра и е повисок за 26 отсто од лани. Добивката на ова друштво во кое сопственици се „Фешн Адриатик ДООЕЛ“ и „Фасхион ЦО ДОО Белград“ лани изнесувала 280.000 евра што е 10 отсто помалку од претходната година. Фешн Груп Адриатик лани имала добивка од 15.000 евра што е за 92 отсто послаб резултат од 2018 година и покрај тоа што приходите пораснале за 5 отсто и достигнале 4,5 милиони евра. Ова друштво е сопственост на скопскатафирма МГ Проперти. Третата компанија во групацијата во која сопственици се Тања и Зоран Антиќ е МГ Фешн ДОО (друштво кое се јавува како сопственик во МГ Проперти сопственикот на Фешн Груп Адриатик). Ова друштво лани остварило приход од продажба во износ од 4м5 милиони евра (раст од 5 отсто) и добивка од 71.000 евра (што е за 59 отсто помалку од 2018 година).

Компанијата Магнетик на Љубомир Нешковски, која продава широка лепеза на странски бредн производители на облека, лани остварила приход од 5 милиони евра, а добивката изнесува 73.000 евра.

Македонската подружница на Њу Јоркер лани имала поуспешна година за 19 отсто во однос на претходната. Приходите пораснале до 4,3 милиони евра, а профитот изнесува 777.000 евра што е за 8 отсто подобар резултат од претходната година.

Мавратех компанијата која во земјава ги работи брендовите од Калипое и Теранова на италијанската индустрија ТЕДДИ СПА лани завршила со загуба од 230.000 евра, а остварила приходи во износ од 3,4 милиони евра.

Турски Котон лани во своите продавници остварил приход од 3,5 милиони евра што е за 6 отсто подобро од претходната година,а добивката на друштвото изнесува 676.000 евра што е раст за 13 отсто во споредба со 2018 година.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“