28 Март, 2024
0.0260

Колку пари има во посредувањето за работа на брод?

Објавено во: Економија 23 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Расте бизнисот на најпознатата македонска агенција која посредува за работа на брод „Коузон“. Лани нејзиниот приход достигнал 387.000 евра и во споредба со 2017 година е поголем за 63 отсто. Ова е резултат пред се на зголемиот интерес за работа на брод на млади луѓе од земјава кои решиле среќата да ја побараат преку работа на крузерите

Работата на брод за крстарење е многу популарна кај младите во земјава. Привлечени од можноста за добра заработка од бакшиж и да видат предели кои биле привилегија на богатите слоеви на западните општества многу млади одлучуваат да заминат и да си ја пробаат среќата за популарните крузови кои крстарат по топлите мориња, тропските краишта, но и на океански тури.

Македонската компанија „Коузон“ подолго време е најпозната домашна агенција што посредува за вработување на брод. Во базата на Централниот регистар има две такви компании од кои едната има седиште во Скопје,а друга во Прилеп. Скопската компанија е регистрирана како приватна агенција за вработување „Коузон вработување“ и лани таа имала 387.000 евра и во споредба со 2017 година тие се поголеми за 63 отсто. Очигледно дека лани напливот на кандидати за работа на брод бил поголем во споредба со претходната година.

Билансот покажува дека компанијата за своето работење имала расходи од 363.000 евра и тие растеле пропорционално со растот на приходите односно се зголемени за 63 отсто во однос на претходната година.

Оваа компанија лани ангажирала 8 вработени и остварила добивка од 21.500 евра. Главнината и резервите на компанијата лани достигнале 140.000 евра и во споредба на 2017 година се поголеми за 18 отсто.

Прилепската фирма „Коузон“, регистрирана за производство, трговија услуги и туризам лани за разлика од скопската бележи мал пад на приходите за 8 отсто. Приходот е 215.000 евра. Паралелно со тоа се намалиле и расходите на компанијата за 8 отсто и изнесувале 210.000 евра. Оваа компанија вработува 10 лица, а лани остварила добивка од 4.000 евра.

Од податоците достапни на интернет страницата на „Коузон“ може да се прочита дека компанијата работи од 1997 година и дека има мрежа канцеларии Србија , Хрватска , Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Турција , Албанија, Словачка, Чешка, Тунис и Катар.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?