25 Април, 2024
0.0775

Колку пари има во бизнисот со природен гас: Колкава е просечната плата во ГА-МА?

Објавено во: Анализа 16 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Кој вели дека нема профит во природниот гас! ГА-МА иако нема лиценци за пренос и управување со гасоводниот систем лани имала профит од 2,27 милиони евра. Фирмата наплаќа за користење на нејзиниот гасоводен систем и лани исплатила 1.000 евра просечна месечна нето плата по вработен

Компанијата ГА-МА , сопственик на транспортниот гасоводен системво Република Македонија, лани оствари добивка од 2,27 милиони евра. Профитот на ГА-МА е 35 отсто од целиот приход на компанијата што е остварен од транспорт на гас низ гасоводниот систем. Оваа компанија единствена по својата дејност во земјава лани има приходи од 6,45 милиони евра и тие во однос на 2016 година се поголеми за 1,1 милиони евра. ГА-МА е фирма во која сопственици се Владата и „Макпетрол“.

Најинтересно е тоа што ГА-МА остварува солидни приходи кои се сведуваат на приходи од патарини затоа што таа нема лиценци за управување со системот и за пренос на природен гас. Имено во март 2007 година Регулаторната комисија за енергетика на ГА-МА и ги одзеде двете лиценци и од тогаш компанијата што е сопственик на системот на пренос на гас нема лиценци да ги врши тие дејности. Сега за тие енергетски дејности нема лиценци. Државата основа друга компанија „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР) која неколку години наназад гради преносен гасоводен систем.

ГА-МА лани исплатила 900.000 евра за бруто плати на своите 53 вработени што значи дека годишната бруто плата по вработен е 1.413 евра односно приближно 1.000 евра нето. Платите се убедливо најголемиот трошок на ГА-МА кога ќе се погледнат сите останати оперативни трошоци во компанијата меѓу кои најголем е трошокот за услуги за одржување и тоа изнесува околу 650.000 евра за цела 2017 година. 

ГА-МА има околу 100 километри магистрална гасоводна мрежа и уште 25 километри разводна мрежа за Крива Паланка, Куманово, Гиновци, Кратово, Скопје – југ и Скопје – север (според достапните податоци од интернет страницата на ГА-МА).


Р. Ф.