29 Март, 2024
0.0273

Колку пари млати „Комунална хигиена„?

Објавено во: Економија 17 Август, 2018

Добивај вести на Viber

„Комунална хигиена“ за своите услуги за пола година наплатила 9,47 милиони евра, а од тоа скопските домаќинства платиле 5 милиони евра. Најголема расходна ставка се трошоците за вработени за кои се издвоени 3,72 милиони евра. Претпријатието за пола година е во добивка од 386.500 евра

Одржувањето на чистотата во Скопје чини 8,4 милиони евра за првите шест месеци годинава. За одржувањето на чистотата, фрлањето на смет и другите активности „Комунална хигиена“ наплатила 5 милиони евра од скопските домаќинства и уште 3,4 милиони евра од фирмите, пишува во полугодишниот извештај на ова јавно претпријатие формирано од Град Скопје кое има монопол врз одржувањето на градската чистота. „Комунална хигиена“ за половина година е во добивка од 386.500 евра

Што се наплаќа „Комунална хигиена“?

Скопскиот монопол за чистење за првите шест месеци за отстранување смет и чистење наплатил 8,4 милиони евра и тоа е за 42.600 евра повеќе од истиот период лани. Најголемите приходи се од домаќинствата и од фирмите во Скопје од кои наплатил 8,4 милиони евра. Од закуп на контејнери „Комунална хигиена“ лани наплатила 22.700 евра, а од услугите на стационарот за кучиња на Град Скопје му наплатила 34.500 евра. Во периодот од половина година претпријатието има останати приходи во износ од 946.700 евра со што вкупните приходи на ова претпријатие достигнале 9,52 милиони евра.

На што најмногу троши „Комунална хигиена“?

Расходите за вработените се најголема расходна ставка на „Комунална хигиена“. Претпријатието на своите над 1.000 вработени за плати и другтие трошоци им исплатило 3,72 милиони евра и тоа е 41 отсто од сите трошоци кои за првото полугодие изнесуваат 9,1 милиони евра. Просечната меечна нето исплатена плата по работни места во „Комунална хигиена“ за првата половина од годинава е 23.402 денари. Од ставките се гледа дека меѓу значајните трошоци се тие за материјали кои изнесувале 1,34 милиони евра, трошоците за суровини 0,8 милиони евра и останатите трошоци кои заедно прават 1,1 милиони евра.

Повеќе податоци од полугодишниот извештај може да прочитате на следниот линк http://www.khigiena.com.mk/stored/document/Fin%20izveshtaj%20za%20rabotenjeto%20na%20komunalna%2001%20do%2006%202018.pdf.


Р. Ф.


Можеби ќе ве интересира

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?