20 Јуни, 2019
0.0186

Колку милиони евра вртат големите трговци со автогуми?

Објавено во: Економија 22 Мај, 2019

Најафирмираните четири трговски компании за автомобилски гуми на нашиот пазар лани инкасирале над 18 милиони евра. Карактеристично е тоа што бизнисот горе долу е како 2017 година од аспект на приходите, а три бележат пад на профитот, а само една компанија има раст на добивката

Трговијата со автомобилски гуми е бизнис во кој има силна конкуренција затоа што секој се труди да привлече купувачи особено во шпиц сезоните март-април за замена на зимски со летни гуми и обратното во периодот ноември-декември. За да го отсликаме бизнисот одбравме три реномирани компании: „Мотоцентар“, „Олимпико“ и ТДА со нејзината филијала “Пнеуматик“. 

Еве ги резулатите:



 Скопската компанија „Мотоцентар“, која има филијали и во неколку градови во земјава, лани имала вкупни приходи од 10,55 милиони евра и тие се за 5 отсто повисоки од претходната година. Добивката е 747.000 евра и е за 11 отсто пониска од претходната година.

„ТДА Трејд“ е значаен учесник на пазарот. Неговите приходи лани изнесуваат 4,56 милиони евра и тие се пониски за 18 отсто од реализацијата во 2017 година.  Добивката на оваа компанија е 111.300 евра и во однос на 2017 година, кога била половина милион евра, е пониска за 78 отсто.


„Олимпико“ лани остварил приходи од  2,64 милиони евра и книжи минимален раст од 3 отсто во однос на 2017 година. Добивката бележи значаен процентуален раст и изнесува 231.000 евра што е за 88 отсто повеќе од 2017 година.


„Пнеуматик“ е помалиот брат на „ТДА Трејд“ и неговите приходи од продажба лани биле 400.000 евра и се пониски за 9 отсто во однос на претходната година. Добивката лани бележи пад за 16 отсто во однос на претходната година и изнесува 3.500 евра.


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Борба на титаните: кои се најплатените банкари во земјава?

Борба на титаните: кои се најплатените банкари во земјава?

Мила Царовска: За прв пат исплатени пензии без задолжување

Мила Царовска: За прв пат исплатени пензии без задолжување

Миќиќ Божиновска: Повратот на ДДВ е повеќе популистичка отколку мерка за враќање на парите

Миќиќ Божиновска: Повратот на ДДВ е повеќе популистичка отколку мерка за враќање на парите

Теменугов: Буџетот е растегнат како мрсулче

Теменугов: Буџетот е растегнат како мрсулче

ВМРО-ДПМНЕ: Главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување

ВМРО-ДПМНЕ: Главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување

Нова светска економска криза во 2020 година

Нова светска економска криза во 2020 година

Идната година ќе ги укинат квотите за странски работници

Идната година ќе ги укинат квотите за странски работници

МИСТЕРИЈА: Kaде е златото на СССР?

МИСТЕРИЈА: Kaде е златото на СССР?

Павле Гацов даде пример како да ви се врати максимално дозволениот износ на ДДВ од 28.000 денари годишно

Павле Гацов даде пример како да ви се врати максимално дозволениот износ на ДДВ од 28.000 денари годишно