28 Март, 2024
0.0253

Колку милиони евра вреди бизнисот на најголемите приватни болници?

Објавено во: Економија 15 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Во услови кога јавно-приватното партнерство како модел во здравството ја бранува јавноста „Фактор“ направи анализа на најголемите и успешни четири приватни болници ( две клинички болници, една општа и една специјализирана) кои растат и успешно егзистираат. Дали тие можат да бидат мотор на реформата на јавниот здравствен сектор?

Големата четворка приватни медицински центри (клинички, општа и специјална приватна болница) во земјава лани оствариле вкупни приходи од продажба медицински услуги кои надминуваат 61 милиони евра, покажува анализата на скратените искази достапни во ЦРМ на најголемите приватни болници во земјава: скопските „Аџибадем Систина“, „Жан Митрев“, „Ре Медика“ и „Плодност“ од Битола.

Убедливо најголем учесник на пазарот на продажба на медицински услуги во приватното здравство е скопската клиничка болница „Аџибадем Систина“. Оваа компанија лани имала приходи од медицински услуги вредни 35,1 милиони евра и тие во споредба со 2017 година бележат раст на вредноста за 5,2 отсто. „Аџибадем Систина“ лани остварила добивка од 4,12 милиони евра и стапката на профит во однос на приходите е повисока од 11 отсто. Воедно „Аџибадем Систина“ е приватната клиничка болница со најголеми профит во апсолутен износ во споредба со другите приватни болници. Оваа клиничка болница е голема македонска компанија и од аспект на вработувањето. Лани таа вработила 941 вработено лице. Приходот по вработен (просечно за лани) изнесува 37.301 евро, а профитот по вработен е 4.378 евра.

Според износот на приходи на второ место е приватната клиничка болница „Жан Митрев“ која лани остварила приходи во износ од 15,8 милиони евра и тие се за 8 отсто пониски од 2017 година. Оваа болница, најпозната по операциите на срце, лани вработувала 265 лица, а остварила добивка од 1,55 милиони евра и ја дуплирала добивката во однос на 2017 година. Приходот по вработен (просек) изнесува 59.623 евра, а профитот по вработен (просечно) е на ниво од 5.949 евра.

Трето рангирана, според остварените приходи лани, е приватната општа болница „Ре Медика“ од Скопје. Нејзиниот приход лани е 8 милиони евра, а добивката е безмалку 1 милион евра. Во однос на 2017 година приходите бележат раст од 6,3 отсто. Профитот изнесува 964.840 евра и во однос на 2017 година бележи раст од 29 отсто. Овој резултат болницата го постигнала со намален број на вработени. Во 2018 година таа вработувала 216 лица, за 8 лица помалку од 2017 година.

Специјалната болница по гинекологија и акуштерство „Плодност“ од Битола лани направила приход од 2,8 милиони евра и прокнижила раст на приходот во однос на 2017 година од 15,7 отсто. Добивката на „Плодност“ лани била 355.200 евра и таа пораснала за 83 отсто во однос на 2017 година. Лани „Плодност“ вработувала 87 лица и нивниот број пораснал за 5 лица во однос на 2017 година.

Колкава е продуктивноста во приватните болници?


Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат