28 Март, 2024
0.0293

Колку милиони буџетски евра до сега „стопи“ струјната криза?

Објавено во: Економија 26 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

За презвемање од регионалната мрежа од буџет се издвоени една милијарда денари, а за тендерите на кои ЕСМ купуваше струја за своите потреби од 7 до 20 ноември се платени уште околу 800 милиони денари. Кога ќе се удри црта досега скоро пола од 4 милијарди буџетски пари ги „изгоре“ струјната криза

Електроенергетската криза го зема данокот и го тенчи купчето од 65 милиони евра – пари кои Владата со прогласување на енергетска кризна состојба им ги префрли на двете државни електроенергетски компании ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) и на МЕПСО.

За 20 дена двете компании „стопија“ безмалку половина од помошта која им беше ставена на располагање со прогласување на енергетската криза на 7 ноември. ЕСМ не беше на висината на задачата заради комбинација на фактори. Имаше испади на блоковите во РЕК Битола, пожар на блок трансформатор, пукање цевки, актуелен ремонт на еден од трите блока (на праг на грејна сезона !!!), ниско производство заради кусок на јаглен... ЕСМ во континуитет не предаваше доволно енергија на мрежа од термокапацитетите па мораше од 7 до 20 ноември да распише четири тендери за набавка на струја. За три од нив постапните беа транспарентни. За последниот тендер за кој и „Фактор“ прашуваше и пишуваше ЕСМ не ја удостои јавноста и ги сoкри податоците за набавената количина и платената цена https://faktor.mk/kolku-plati-esm-za-poslednata-nabavka-na-struja

За енергијата што ЕСМ не ја произведе, но мораше да ја предаде на мрежата на овие тендери за набавка плати (според објавите) над 13 милиони евра односно просечно нешто помалку од еден милион евра дневно. При тоа немаме информација за дополнителниот тендер за 17 и 18 ноември на кој ЕСМ купи 7.200 мегавачасови струја кои по цените на унгарската берза ХУПЕКС од тие денови чинеа околу 1,8 милиони евра. Грубата проценка на трошокот за купена струја (во најголем дел увозна) што ЕСМ ја плати изнесува барем 15 милиони евра (доколку се купени и бараните 7.200 мегаватчасови на последниот тендер од 16 ноември). Со тие пари од буџет е платен кусокот во производството од 7 до 20 ноември. Последниве 5 дена ЕСМ го стабилизира производството и во пресрет на грејната сезона два блока на РЕК Битола даваат струја на мрежа, а најавата е дека и ТЕЦ Осломеј ќе се вклучи на мрежа од претстојната среда.

МЕПСО заради кусоците на ЕСМ и на приватните снабдувачи од регионалната мрежа превзеде струја во вредност од 18,5 милиони евра. Според зборовите на генералниот директор на таа компанија Куштрим Рамадани превземени биле 80.000 мегаватчасови (изјавата беше дадена на една дебатна телевизиска емисија). Од тоа кусокот во производството на ЕСМ за тој период бил 70.000 мегаватчасови и другите приватни снабдувачи биле кратки за десетина илјади мегаватчасови. За кусокот што го предизвика ЕСМ, а треба да го плати МЕПСО државата од централниот буџет за МЕПСО издвои една милијарда денари односно 16,26 милиони евра. Од приватните снабдувачи МЕПСО парите ќе треба да ги наплати сам со вкалкулирана пенализација на компаниите кои не испорачале струја според потребите за своите потрошувачи.

Сума сумарум работењето на ЕСМ во енергетската криза централниот буџет го чини околу 30 милиони евра (ова се оквирни податоци кои може да отстапуваат до 10 отсто од реализираниот трошок) за кој засега нема официјални податоци.

 Значи кај ЕСМ за плаќањето на струјата по тендерите кои беа објавувани од 7 до 16 ноември се потрошени околу 13 милионие евра околу 800 милиони денари. Сега со околу 2,7 милијарди денари ЕСМ ќе треба да го обезбеди своето производство за до крај на година и евентуално да обезбеди мазут за ТЕЦ Неготино и на набави јаглен за потребите на своите термоцентрали.

A.T.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат