24 Април, 2024
0.0260

Колку крупен кеш поминува на македонската граница?

Објавено во: Економија 18 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Минатата година на граничните премини во Македонија патниците пријавиле девизи во износ од 11.996.059 евра, повеќето на влез во државата. Станува збор само за пари во готовина кои мора да се пријават во царинските служби. Македонските државјани и странците пријавуваат над 10.000 евра само при внесување. Нашите граѓани не смеат да изнесат повеќе од 2.000 евра а да не бидат пријавени, но најмногу до 10.000 евра. Во просек се пријавувале по околу 1 милион евра месечно. 

Покрај регуларно пријавените девизи, царинските службеници во 2018 година спречиле 32 обиди на нелегално пренесување на 308.730 евра, 31.500 американски долари, 32.300 швајцарски франци и 13.000 британски фунти.

Според извештајот на Царинската управа за 2018-та, минатата година направени се 638 царински прекршоци, 29 се девизни, додека 14 се акцизни прекршоци. Од вкупно поднесените пријави 409 се однесуваат на поединци и 272 на правни лица.на сторителите им е изречена глоба во износ од околу 34 милиони денари. На сторителите на прекршоци во текот на годината им е изречена глоба во износ од околу 34 милиони денари. Покрај тоа, изречени се и мандатни казни против 1.104 поединци и 849 правни лица во висина од околу 73 милиони денари.

Во 58 акции привремено биле задржани 175.750 парчиња и 2.506 килограми пиратска стока, а уништени 85.712 парчиња фалсификувани производи (шампони, футроли за мобилни телефони, играчки, тренерки, влечки, чорапи, детски и друга облека итн.). Спречен бил шверц на 5.000 парчиња луксузна стока.  Откриени се шест обиди за шверц на 9 кг сребро во гранули и над 2 кг златен накит. Повеќето случаи се откриени на меѓународниот аеродром Скопје.  Царинската управа поднела кривични пријави за кршење на права од интелектуална сопственост во седум 7 случаи и во еден случај за даночна измама. 

Царината наплатила рекордни 87 милијарди денари, со кои безмалку го обезбедува половина од националниот буџет на Македонија. Најголем пораст на наплатата има ДДВ-то со вкупен износ од 49 милијарди и повеќе за 12,5 отсто во однос на лани, односно за 5,5 отсто во однос на планираното. Пораст има и на наплатата на самото царинење и на акцизите. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава